Кога станува збор за тетовирање (не за филмот), тивко се радуваме што сè поголем број на луѓе се решаваат на овој потег. Се радуваме на генерацијата тетовирани кои гордо ги носат своите тетоважи, а не ги тегнат ракавите на маиците за да ги сокријат моментите на глупавост од своето детство.

Ако некогаш тетоважата била симбол на моторџиите, морнарите и Yakuza мафијата, денес нема некој прототип за тетовираниот човек, од дизајнери и јога-учители до банкари и адвокати.

Во меѓувреме оние кои нè тетовираат прекинавме да ги викаме „другарот од војска“ и ги нарековме тату-артисти. Вистински уметници, затоа што тоа се.  

Во оваа прилика поразговаравме со еден од најискусните тату артисти кај нас, Симон Капчев, кој не само што има супер-успешна кариера, туку уште поважно, е човекот кој го има тетовирано скоро-цел Reborn тим.

 

Камера, монтажа и продукција: Елена Героска / Димитар Попов / ReProduction

 

Comments

comments