*Ова е кураторски текст во склоп на изложбата на фотографии и разгледници која се одржа на 23 декември 2017 како дел од настанот “Под земја полесно се дише 5”.

 

„The beauty of Ignorance / Убавината во незнаењето” е уметнички проект каде акцентот е ставен на креативни решенија во форма на фотографии, статуси и текстови стимулирани од ситуацијата со загадувањето во Македонија.

Во склоп на настанот „Под земја полесно се дише” беа изложени репродукции од фотографии и разгледници кои беа изработени од самите фотографии. Во овој проект земаа учество Драгана Даутовска, Ханис Багашов, Јасмина Трпевска, Маја Нестороска, Наталија Маркоска, Наташа Гелева, Оливер Настески, Петранка Иванова, Сара Александрова и Теодора Павловска со една или повеќе фотографии.

 

 

Резиме на електронските вести: Се удави жена во Вардар. Потоа друга се обеси на дрво. Па куче искаса дете. Или деца. Или обратно беше? Се обеси жената, па кучињата почнаа да касаат, па се најде некој херој кој почна да труе домашни миленичиња.

Па деца разнеле куче со петарди. Кучето го раскинало мачето на комшијата. Истиот оној кој со секира ја расцепи на пола таа џукелата во Дебар Маало. Исто така, додека сме кај Вардар, пред некоја недела прочитав дека автомобил паднал во реката кај Камени Мост. Или беше количка со дете. Во секој случај беше хит… или не беше… не сум сигурна, но ова е факт. И за крај, на 23 декември ќе беше роденденот на Тамара. Која е Тамара?

Бесчувствителна будало! Како не знаеш до сега? Е поради такви како вас, се распаднавме. Ајде малку ведро време.

Метео вести: Воздухот во Скопје си даде отказ пред некој ден. Фала Богу некој од властите го разубеди па се врати. Но зборував со него и многу е нестабилен. Никој не знае кога ќе не остави на цедило повторно. Но ние сме силни, братски народ и многу се сакаме, и без воздух можеме, бидејќи сега е време на празници, а празниците се за да си ги поминеме со нашите најблиски. Затоа пријатели, нека ви се среќни новогодишните и божиќните празници! И не заборавајте да испратите разгледница дома. Ако не купивте, не се грижете и земете си една од тука.

 

Драгана Даутовска

Драгана Даутовска

Ханис Багашов

Ива Станковска

Ива Станковска

Јасмина Трпевска

Маја Нестороска

Наталија Маркоска

Наташа Гелева

Оливер Настески

Оливер Настески

Оливер Настески

Петранка Иванова

Петранка Иванова

Сара Александровска

Теодора Павловска

 

Comments

comments