Режија, камера и монтажа: Михаил Намичев

 

The Black & Vice Social Club се враќаат на сцена со нов сингл – нивната прва песна на македонски јазик, а воедно и прв видео спот.

Момците, кои ги запознавме пред една година кога го издадоа нивниот прв албум, сега имаат и нов член – Симон Пеоски.

Песната е продуцирана од самите нив, а миксана од Ади Имери во Arkham Asylum Studios. Тапаните се снимени кај Горан Ристевски во Almost Famous Studio, вокалот е снимен кај Валентино Скендеровски во Enterprise Studios, а тој исто така го направи и мастерингот.

Видео спотот е режиран, снимен и монтиран од Михаил Намичев.

Сериозно браво за целата екипа. Едвај чекаме да ги гледаме во сабота на Земјотрес 5!

 

Comments

comments