Ако сте фан на Jeff Koons, француските колачи или едноставно на модерен внатрешен дизајн, вашите барања се целосно исполнети во новото кафуле во Киев, The CAKE.

The CAKE е кафуле со прилично неутрална модерна позадина па се до колоритни фенси детали кои се надополнети со прекрасните колачи кои перфектно се вклопуваат во амбиентот и целосниот дизајн на кафулето.

Дизајнирано од Украинската архитектонска фирма 2В Group, кафулето има прекрасен минималистички изглед, но кога поубаво ќе го разгледаме ќе дојдеме до заклучок дека истиот изобилува со огромен број на детали и ситници. Доста впечатливи се лустерите и дрвените елементи покрај барот, но сепак невозможно е да ја избегнете огромната розева склуптура од Jeff Koons во средината на една од главните маси во кафулето, која е вистински хит и дава една нота на креативност и генијалност.

 

Што мислите за монохроматските тоалетски кабини?

Архитектите долго време го договараа името на дизајнот, многу подолго од времето кое го потрошија работејќи на дизајнот. Рекордно најкраток временски период на работа: четири месеци од првите скици до денот на отварањето. Можете да го видите процесот на реализација.

 

 

Comments

comments