Македонско видео. Штом слушнам македонски видео производ, веднаш ме асоцира на обработка на три до четири теми и тоа:

Музика
Спот за Македонија и нејзините убавини
Провладини кампањи анти-абортус или за совесно возење
Сè друго што не може да се смести во првите три категории

Денес на дневен ред е четвртата категорија, која мене лично ми е најомилена. На кратко, се работи за видео од 3:25 минути, во кое еден млад човек се наоѓа опкружен од свои клонови контролирани од компјутерски глич, кој освен контролата врз клоновите исто така ја контролира и просторијата каде што се одвива дејството.

Фала богу, се појави некое научно-фантастично видео, кое има за цел барем за момент да нè отргне од секојдневието и проблемите со кои се соочуваме.

Симпатичен концепт, одлична реализација и прогресивна мисла. Браво Petty Cash Production!

Да живее научната фантастика.

 

///

 

Режија: Стефан Палитов
Глуми: Иво Павловски
Камера: Иван Филиповски
Монтажа: Иво Павловски
Пост-продукција: Иво Павловски и Мартин Панев
Аудио Микс: Милан Симовски

 

Comments

comments