Тимот на Реборн сè почесто сонува канцеларии. Додека Фројд сигурно има некое свое толкување на ваквите соништа, ние веруваме дека тоа е затоа што периодов гласно размислуваме за тоа како би изгледала совршената Reborn-канцеларија.

Затоа кога гледаме филмови (посебно или тимски), во кои се појавува некоја добра канцеларија, во истиот момент забораваме на актерските игри, фотографијата и квалитетот на сценариото и се фокусираме на прекрасните ногарки на бироата и идеалното придушено светло на лампата.

Токму во „The Intern“ (кој дури и Tarantino признава дека е одличен), ја препознавме нашата совршена канцеларија. Првичниот план беше гледање на филмот во некоја релаксирачко-лежерна атмосфера без никакви идеи и очекувања. Но како што вика доброто старо клише – кога најмалку очекуваш, тогаш ја препознаваш твојата нова омилена канцеларија. Сместена во напуштена фабрика, оваа канцеларија е исполнета со прекрасна опуштена атмосфера, огромен отворен простор, точак за одржување на формата и транспорт од едно биро до друго и високи тавани за фотосесии.

THE INTERN THE INTERN THE INTERN

Comments

comments