Бенд: The Internet

Членови: SydMatt Martians, Patrick Paige II, Christopher Smith и Steve Lacy.

Емоција: Нежно шепотење што предизвикува висок набој.

Бенд за кој малкумина имаат слушнато, а сепак успеа да биде номиниран за Греми во категорија „најдобар урбан, современ албум”, и тоа за албумот „Ego Death”, кој го издадоа во 2015-та. Јас викам – дефинитивно заслужено.

Да бидеме реални, би било лудо да кажам дека R’n’B звукот никогаш не звучел подобро, но дефинитивно овој нео-соул правец ептен ми лежи. Нео-соул не е ништо друго освен еволуиран и современ R’n’B во комбинација со прстофат модерен соул.

 

 

Дефинитвно, Ego Death е нешто што треба да го чуете и споделите со вашата поубава половина, додека дремете дома на снегов. Суптилно ќе ве размрда.

Ако ви се заарни грувот, чујте ги и нивните два минати албуми, Purple Naked Ladies (2011) и Feel Good (2013).

 

Comments

comments