Фотографии: Александра Костадиновска и Иван Момировски

 

Од space-рок, до хип-хоп, до инсдиски трип-хоп, и даб, Thievery Corporation го споделија најдоброто од нивната богата 20 годишна музичка историја со Скопје.

Одамна не сум присуствувал на волку убав настан во Скопје. Сè беше на место – локацијата беше одлична, времето се погоди добро и публиката беше расположена (многу луѓе танцуваа – што е реткост за Скопска публика).

Ова се 6-те работи (во никаков логичен редослед) по кои ќе го паметам овој концерт.

 

(1) Басистот на Thievery Corporation

Се вика Ashish Vyas и изгледа како еден од најсреќните луѓе на планетава. Носеше бел jumpsuit и не престана да танцува.

 

 

(2) Khara

Оддамна чекам шанса да ги гледам кумановците во живо. Имав неколку неуспешни обиди во последнава година и ептен ми е мерак што конечно ги начекав како предгрупа на еден од најдобрите светски бендови. За жал, немаме слики од нивниот настап (ако некој има, прати ни ги и веднаш ќе ги додадеме).

Само неколку минути по објавување на текстот веќе добивме фотографии од читатели. Ги додадовме фотографиите подолу. Би биле среќни ако продолжите да ни праќате.

Фотографија: Avalon

Фотографија: Дарко Стојановски

Фотографија: Ана Џи Џи

 

 

(3) Скопската публика

Прекрасни, културни, градски ликови. Имаше доволно луѓе за да се направи една убава фестивалска атмосфера – без гужви, буткање и губење на пола концерт у редови за пиво и тоалет.

 

 

(4) Нога дрога

Racquel Jones е од поновите членови на Thievery Corporation – колектив со повеќе од 20 музичари. Потекнува од Кингстон, Јамајка и е поранешна натпреварувачка на Miss Jamaica.

 

 

(5) NEULAND

Сè уште не знам што точно е Neuland. Но што и да беше (имам чувство дека наскоро ќе дознаеме повеќе), беше убаво средено – добри пијачки, убав распоред… I am intrigued.

 

 

(6) Озвучувањето

Можеби најдобро озвучениот концерт на отворено во Скопје. Браво за тон мајсторот.

 

Comments

comments