Sneakerhead културата е еден глобален феномен кој од ден во ден станува сè попопуларен, а секако есенцијален дел од оваа култура остануваат кошаркарските ретро патики.

Тука без конкуренција, на врвот на пиедесталот, стојат фамозните „Џорданки“. Тоа што треба да го знаеш е дека огромно влијание врз популаризација на брендот има Tinker Hatfield, човекот кој е заслужен за создавањето на многу легендарни модели на Nike, како и за скоро-па-сите модели на Џорданки.

Tinker е роден 1952 година во Орегон и уште од времето важел за спортски тип. Се натпреварувал во кошарка, рагби и атлетика, а во слободно време бил студент по архитектура на универзитетот во Орегон. Во 1976 година, Tinker доживува тешка повреда и ја завршува својата спортска кариера, а по завршувањето на студиите, слично на сите студенти низ светот, немал некоја специјална идеја за – што понатаму.

За негова среќа, а и за среќа на сите нас, негов тренер бил Bill Bowerman, ко-основачот на Nike кој го вработил како архитект во компанијата. По кратко време работејќи како архитект, Tinker од архитектура се префрлил на дизајн на патики. Останатото е историја.

 

 

Денес тој се смета за еден од најдобрите дизајнери на патики на сите времиња и, како што веќе спомнав погоре, е одговорен за сите Џорданки од Jordan III и Jordan XV, па сè до Jordan XX, Jordan XX3 и Jordan XXX моделите. А како последен модел дизајниран од него за Џордан, е така наречениот XIII Black Cat.

Уште еден легендарен модел дизајниран од Tinker се Air Mag патиките, кои сами се врзуваат и кои најдобро ги знаеш како патиките кои ги носеше Marty McFly во „Back To The Future: Part II”.

Останати модели кои би ги издвоил и кои имаат оставено огромен впечаток на денешната култура се: Nike Air Max 1, Nike Air Trainer 1, Nike Air Huarache Runner и Nike Air Max 90.

Ако, како и мене, приказната за Tinker Hatfield ти звучи интересна и сакаш да дознаеш повеќе, тој e портретиран во серијалот на Netflix насловен како Abstract: The Art of Design кој ти го препорачувам да го изгледаш.

 

Comments

comments