Имаме со светот да споделиме едно големо браво за девојките од Think hof. Идејата која пак тие ја споделуваат е феноменална, а уште попрекрасна е реализацијата.

Вчера тимот на Re беше на отворањето на едно ново, иновативно и креативно место во градот (ај сега да ве чујам дека ништо не се случувало во Скопје!). Се работи за неконвенционален салон за мебел насловен како „Think hof” (Think House of Furniture).

Уште од влезот (кој изгледа како да влегувате во куќа на некоја фамилија со „плава крв”), веднаш ве обзема чувството како да сте дома. Јас дури за момент помислив дека треба да ги соблечам кондурите. Топла атмосфера, пријатни луѓе и прекрасни домаќинки. Со среќа.

Галерија

 

Comments

comments