Или можеби куќата на Tilda Swinton во „A Bigger Splash“.

Не е тајна дека сум подеднакво опседната со италијански филмови и со италија во филмови, а претпоследниот филм на прекрасната Tilda, A Bigger Splash (2015), е двете во едно. Режиран од италијанецот Luca Guadagnino, филмот кој ја раскажува приказната за рок ѕвездата Marianne Lane (Tilda) и нејзиниот партнер Paul De Smedt (Matthias Schoenaerts), е снимен на Сицилија.

Доколку, слично на мене, во еден момент успеа да се предозираш од „Stealing Beauty“ (1996), следен логичен чекор во твојата потрага по чисто задоволство од два часа е „A Bigger Splash“. Во него, Tilda, неверојатна како и секогаш е возрасната верзија на Liv Tyler. Таа е жената која денес сакам да бидам, наспроти девојката која сакав да бидам пред само неколку години. Се разбира, сè до моментот во филмот кога Tilda се реши да ги заборави своите морални вредности и принципи. Но во интерес на разговорот, се одлучувам да ја игнорирам таа половина од филмот.

 

 

Како дополнителна потпора на мојата паралела помеѓу филмот на Bertolucci и оној на  Guadagnino доаѓа сличноста помеѓу кадрите на двата филма, сличноста помеѓу ликот кој го глуми Ralph Fiennes во 2015 со оној на Jeremy Irons во 1996 и најмногу од сè, феноменалната италијанска вила во која живее Tilda, а која ќе те уништи на начин да следните неколку дена светот околу тебе изгледа аматерски

Наречи ја мојата теорија наивна, но нели токму наивноста беше таа што најмногу нè возбудува во ваквите парчиња кинематографија? Конкретно онаа италијанска наивност, која само еден италијанец може да ја долови, додека ние останатите тивко се самоубедуваме дека нешто сме разбрале. Онаа спонтаност на најмалите непредвидливи италијански моменти, кои уште еднаш ме потсетуваат на вистината во подеднакво симпатичната изјава, Grazie a Dio, siamo italiani.

 

Comments

comments