Да не беше месецот веќе прогласен за #МесецНаПоезијата, ќе моравме да го направиме тоа сега. Во најмала рака ќе ја прогласувавме неделава, преплавена со новости од македонската хип-хоп сцена.

Денес зборуваме за Токсиколози, кои пред два дена го пуштија во етер нивниот нов видео спот за песната „Подобар”.

Квалитетен продукт кој изобилува со тензични кадри и моменти карактеристични за македонскиот хип-хоп. Искрено, се радувам што видео продукцијата кај нас е во подем и тоа е евидентно од бројните нови видео спотови кои се изработени според светски стандарди.

 

 

За овој видео спот заслужни се Гоги Полизов (камера и режија), Кристија Теодоров (камера) и Тихомир Јакимовски – Туте (аранжман).

П.С. Спотот е во склоп на нивниот нов албум „Пушти Глас”, чија промоција е закажана за 28.04.2016 во МКЦ.

 

Comments

comments