Не сум сигурна која е вистинската причина што не можам да се одлепам од телевизор, новата серија со Tom Hardy или Tom Hardy во новата серија?

Муабетот не е дали серијата е добра или не, туку фраерлукот на Tom Hardy достигнува неподносливо високи нивоа. Толку високи што воопшто не ми пречи што во очите на оние околу мене изгледам како 6-то одделенка затрескана во 8-мо одделенец, додека се лигавам по мистериозниот, растроен, мрачен, секси лик, кој се врати дома по едно нешто – одмазда.

 

 

Тетоважи, црн мантил, бастун, кожни чизми, добра фризура и црн висок шешир. Ако на ова му додадеш трошка готик моменти, малку опиум и Tom Hardy како блада на африкански, е повеќе од доволно за да ти ја разигра љубопитноста.

Fun fact: Tom Hardy не е само неодолоив протагонист во оваа мини-серија на BBC продукција, туку заедно со неговиот татко се креаторите кои стојат позади целиот серијал.

 

Comments

comments