Запознајте го естонскиот трап-рапер TOMM¥ €A$H (не, не е помалиот брат на Johnny Cash) и погледнете го спотот на неговиот сингл „Winaloto“ кој е еден од најуникатните рап спотови на сите времиња – не сум 100% сигурен дека музиката е рап, али самиот Tommy инсистира да биде наречена „Post Soviet Rap“.

Некои од вас (најверојатно повеќето) ќе го изгледате спотот и ќе си речете „ова беше тешко срање, сакам да ми ги вратиш последните 3-ипол минути од животов“. Сум го спомнал ова и претходно – Трап сцената не е за сечиј желудник, така да сметајте се за предупредени дека тоа што ќе го видите, cannot be unseen (и не го пуштајте на мониторот на работа…).

Нема да ја коментирам генералната „арт дирекција“ во спотот, или значењето (ако воопшто има), ама ќе признаам дека мојата реакција на визуелната презентација беше позитивна. Во видеото има неколку сцени што ми фатија око, како на пример сцената кога Tommy плови низ море од нозе – момент кој ваљда и луѓе како Quentin Tarantino (со неговиот фетиш на стапала) би го издвоиле.

Иако Tommy на моменти премногу ме потсеќа на Ninja од Die Antwoord (со многу полоши бркови), сепак ми се допадна неговата енергија – ми се чини храбар со неговата креативност, покажува бунт и личи како да сака да биде симбол на индивидуалноста. Го почитувам сето тоа, па затоа и мислам дека вреди да се сподели.

„The world is fxxxx up at the moment so i hope that you can escape from everything while watching our masterpiece.“ — Tommy Cash

 

Comments

comments