Кога светскиот совет на старешини би седнал сложно во круг, за да избере Крал на музиката, ќе го избере Brian Eno. Никој од нив нема да се двоуми, освен Диме, ама среќа он не е дел од светскиот музички совет на старешини.

Вечерашниот настан, Музика во Планетариум: Cluster & Eno, ме потсети на еден убер-забавен муабет, приказната за кога мојот крал мочаше (ако си срамежлив, читај уринираше) во писоарот на Marcel Duchamp.

brian-eno-lecturing-at-the-moma-1990

Интервјуто од 1993 во кое Brian Eno го признава овој свој феноменален потег, го води израелскиот индустриски дизајнер и архитект Ron Arad, за телевизијата Arte.

Во интервјуто, Eno меѓу другото признава дека Roxy Music било скршнување во неговиот живот и како никогаш не поседувал копија од третиот албум на Velvet Underground затоа што не сакал да ризикува да го слуша толку многу што ќе му здосади. После овие сочни изјави, интервјуто завршува со уште позабавна и неверојатна приказна за неговата мала авантура од 1990, кога одлучил да моча во познатата Фонтана на Marcel Duchamp од 1917.

Eno многу добро ја објаснува важноста на Фонтаната на Marcel, кога кажува дека таа претставува една нова идеја во уметноста која тврди дека уметникот не секогаш мора да биде некој кој создал нешто, туку може едноставно да биде некој кој препознал нешто, што предизвикал уметничко доживување само со тоа што еден објект го нарекол уметност.

Авантурата почнува кога го поканиле Brian да држи предавање во Museum of Modern Art (MoMA) во Њујорк, на тема Висока уметност / Ниска уметност:

„Си помислив, колку е небулозно тоа што баш овој писоар го разнесуваат низ светот. Само безбедниот транспорт чини околу 30.000 долари. Помислив, колку апсурдна, глупава порака испраќа сето ова – може да го земеш било кој објект, да го донесеш во галерија. Не мора да биде овој. Тоа е целосно губење на поентата. И зборува толку многу за тенденциите на светот на уметноста, која става ограда околу овој писоар и знак кој вели – ова не е некој обичен писоар, ова е ПИСОАРОТ, тој, специјалниот и посебниот кој вреди многу пари.

Тогаш си реков – некој треба да моча во овој писоар, да го врати каде што припаѓа. Следно, одлучив декатој некој треба да бидам јас.”

Низ остатокот од интервјуто, Eno продолжува со пар забавни детали од неговата мини-авантура и информации за целиот апаратус кој морал да го направил за да му успее акцијата.

„Во MoMA фонтаната беше сместена во стаклен излог. Помеѓу предните две парчиња стакло имаше мало, но доволно големо растојание.”

Не ме интересира дали е вистина, дали успеал и како стражарите не го фатиле. Доволно е забавно што имаме сличен став за фонтаната на Marcel.

 

 

Comments

comments