Цело Скопје скокна на нозе кога слушна за изложбата на графики од Пикасо, еден од најславните ликовни уметници, но и најголеми кхм, идиоти, или благо кажано – неразбрани боеми и апсолутни хедонисти.

Додека со Ван Гог би правела муабет со денови, лабаво, на некоја фарма во Недојдија, со Пикасо би се гаѓала со маслени бои, четки i што и да ни дојде, во првите 5 минути после запознавањето. Во превод – paintball без адекватната опрема.

C_2_foto_156927_image

Оживеан од дим од цигари

#smokingkills?

Како новороденче, Пикасо не испуштил глас, и бабицата која ја пораѓала мајка му го оставила настрана за да и помогне на жената. Среќа (или несреќа за неговите љубовници), наминал чичко му, му направил облак од дим од цигара и Пикасо направил некоја гримаса што е почетокот на неговата експресионистичка природа. Како на платното, така и карактерно.

Проблематичен ученик

#misfit

Многу ми прават мерак вакви „дури и Пикасо бил труба во средно“ приказни, супер се за лажна утеха. Како и да е, Пикасо како уметник бил брилијантен; неговите соученици биле 6 години постари од него, но бил невиден бунтовник. Како казна го ставале во ќелија со бели ѕидови и клупа на средината, каде што знаел да црта со часови по ѕидовите без престан.

Дали Пикасо ја украл Мона Лиза?

#scandal

Во 1911, во Франција настанал општ хаос кога ја снемало Мона Лиза од Лувр, целава работа ескалирала до затворање на гранични премини. Пикасо бил обвинет од негов пријател-поет дека тој ја украл сликата. Но иако бил осомничен, тој ги оттргнал сите сомнежи пред судијата. После цела 1 година сликата била пронајдена во станот на некој италијански патриот, на неколку километри од музејот.

 

Невиден жиголо

#playa

Иако не можел да се пофали со физичкиот изглед, Пабло Пикасо освојувал женски срца со фразата: „Имаш интересен лик… Би сакал да ти насликам портрет… Уз пат, јас сум Пикасо.“

За Пикасо терминот моногамија не влегувал во неговиот речник, па така цел живот имал различни сопруги, а покрај сопругите уште неколку љубовници – да му пополнат време. Оние со кои не завршил во добри односи, си добиле чудовишни портрети кои ги едначат со полови органи.

014-pablo-picasso-theredlist

Пикасо и пишувањето

#sodeep

Пикасо мислел дека нема да се прослави како ликовен уметник, туку како поет. Дури и една своја драма ја читал рамо до рамо со Ками, Бовоар и Сартр. Еј! Со златново егзистенцијалистичко тројство да читаш драмски текст и ништо да не излезе на виделина? Еве ти платно, бои, четки…Треба уште нешто?

 

Средбата со Бардо

#oldbutgold

Бриџит Бардо, француската филмска икона од 50тите, го посетила ателјето на Пикасо и не успеала да извлече свој портрет од него, па затоа многумина сѐ уште ја етикетираат како единствената убава блондинка која не успеала да го шармира Пикасо, но серијата фотографии раскажува друга приказна.

Чуден однос кон плагијаторство

#saywha?

Честопати, луѓе му подавале уметнички дела за да ги потпише самиот Пикасо, како би постигнале поголема вредост на пазарот. Пикасо штом видел некоја слика што му се допаѓала ни два ни три – ја потпишувал. Чуден однос кон толку валкан бизнис…

Дали Пикасо бил левак?

#lefty

Мислам дека постои underground клуб на леваци кој потајно ги претвора сите познати историски личности во леваци за целите на некои свои виши убедувања дека леваците се супериорни (и јас сум, ама смешки ми е целата работа). Муабетот ми е, не, Пикасо не бил левак и еве доказ за тоа:

 

 

 

Comments

comments