Во план е снимањето на продолжение на Trainspotting.

Danny Boyle за време на една прес-конференција во склоп на турата за неговиот биографски филм за Steve Jobs, изјави дека во план е снимањето на продолжение на Trainspotting. Легендарниот филм од 1996 го следи животот на неколку зависници од хероин во Единбург и обидите за откажување на протагонистот – Mark Renton (Ewan McGregor). Во филмот, покрај McGregor, глумат и Robert Carlyle, Ewen Bremner и Jonny Lee Miller. Според Boyle, „Сите четири главни ликови сакаат да учествуваат и во продолжението. Останува само да ги усогласиме нивните агенди, што не е толку лесно, затоа што двајца од нив моментално снимаат ТВ серии“. Премиерата на продолжението е закажана за идната година, со што ќе се одбележи 20-годишнината од лансирањето на Trainspotting.

 

Comments

comments