Се наоѓаме во ера каде трап музиката го доживува својот хајп, сите кул деца се преокупирани со „трап движењето и култура”, но сепак едно прашање сè уште лебди во воздухот – What the fuck is trap music?

Дали ќе го наречеш „новиот дабстеп” или „новиот мумбатон”, трап музиката сè уште нема свој препознатлив идентитет. Но ако некој те праша на улица „што слушаш?” и ти му одговориш „трап”, 86% од љубопитните прашувачи ќе одговорат со чудна гримаса на лицето која демонстрира збунетост, дилема и/или конфузија. Најдобриот начин да се извлечеш од оваа непријатна ситуација е да го изрецитираш овој „рецепт”, трап музиката е:

⅓ хип-хоп (темпо и структура на песна)
⅓ дабстеп (сличен аранжман на бубањот, но различни дропови)
⅓ даб (ниски фрекфенции, фокусирани, силни и репетитивни периоди низ текот на песната)

 

 

Вака-така пробав да издефинирам, иако сè уште сум во бунило, но ова мораше да се случи. Не за друго, него се спремам за трап настанот за 2016та година во Скопје.

Ден: Сабота 24.12.16
Старт: 23.00
Локација: МКЦ
Настапуваат: Druggy, Irie Scratch, Cyrillic, Gloomie, Eurotrvsh, Bad Propaganda, AND и R.A.D.

 

Comments

comments