Продажбата на грамофонски плочи почна да расте и да се пробива над приходите од стримингот на музика. Што значи овој зголемен интерес?

Најверојатно, алудира на тоа дека на Скопје конечно му треба продавница за плочи.

Во 2007 од Лондон донесов три плочи. Според џинглот на 103ка – Скопје тогаш немаше продавница за плочи, а нема ни денес. Беа тотално непрактични за транспорт, ги држев во рака целите два лета и три чекања на аеродром. Тоа беа првите плочи кои сама ги купив, иако грамофонот дома не ми функционираше.

Симпатични статистики и информации кружат по медиумите оваа година. Пред многу месеци бевме воодушевени од порастот на продажбата на традиционални, хартиени книги во споредба со онаа на е-книгите. Наводно, откако продажбата на хартиените книги го достигна своето дно во 2011, во 2014 година покажа пораст за 2.4% (што за сега изгледа повеќе на успешно коегзистирање отколку на победа).

Тотално е небитно дали станува збор за последица на (оправдана или не) носталгија, или пак е резултат од различни моментални движења. Но од неколку различни, целосно веродостојни медиуми дознаваме дека продажбата на грамофонски плочи почна да расте и да се искачува над приходите од стримингот на музика во САД.

Според NME, продажбата на грамофонски плочи во САД пораснала за харизматични 52% во првата половина од 2015. Наспроти тоа, приходите од стримингот на музика во истиот период пораснале за само 27%.

Иако звучи неодоливо и примамливо, овие податоци сепак не ги ставаат винилите на врвот од листата. Но ние тука веруваме во принципот на инспирација-мотивација.

 

Comments

comments