Кога би имала моќ над светот на само 3 дена, првата промена која би ја направила е да прогласам дека повеќе други оброци освен доручек нема да постојат.

Кога би имала моќ над себе би прогласила дека отсега ќе јадам само доручек. Цел ден. Не е лесно да се донесе таква драстична мерка, како може да бидеш толку сигурен дека никогаш нема да ти се пријадат ребра или потаж од тиква?

Сабота и недела се единствените денови кога можеш да си приуштиш доручек, а тоа да не е кифла пред монитор која ја држиш со заби и џвакаш во исто време, додека пишуваш мејл. Овие 3 идеи наведени подолу се како и сите доручеци соодветни за во сабота, но со малку инвентивност и некоја тегла ќе можеш да ги понесеш на работа и конечно да ја прекршиш рутината.

 

Авокадо тост

avokado2

Најдоброто кај авокадото е неговата текстура. Авокадо тост, како што веќе-многу-очигледното име само кажува е леб на тост (оној што рипа) премачкан со авокадо. Во деновите кога се чувствуваш посебно откачено може, покрај сол и бибер, да додадеш и пармезан.

 

Чиа пудинг

chiapudding

Овој можеш да го спакуваш во тегла и да го јадеш наместо кифла додека пишуваш мејлови. Во чаша со млеко додаваш 3 големи лажици чиа семиња. Дополнително за вкус можеш да додадеш какао, мед, јаворов сируп, чоколадо, парчиња овошје… За чиата доволно да набабри и смесата да заличи на пудинг, треба да отстои минимум 2-3 часа во фрижидер.

 

Грчки јогурт со мед и бадеми

jogurt5

Јас го купувам Fit. Едноставно е, и уште поважно – супер брзо. ;Можеш да го спремиш на лице место – на биро. Во јогуртот кршиш неколку непечени бадеми, лажица мед и мешаш. Voilà.

 

 

Comments

comments