Фотографии: Ана Јакимска

 

Деновите на храна ни се омилени денови.

Овие последни неколку дена се храневме како вистински Скандинавци во лето. Сè започна кога пред една недела ја поканивме Соња да готвиме заедно (ок, да, она готвеше додека ние гледавме и јадевме…), продолжи со нашата посета на шведската резиденција каде го прославивме Националниот ден на Шведска, а заврши вчера во Дистрикт на kick off настанот на Деновите на шведска храна, по трет пат организирани од Амбасадата на Шведска во Скопје. 

Во Дистрикт имавме прилика да ја пробаме храната која ќе биде на мени-то на Деновите на шведска храна. Уште еднаш сфативме дека не ни треба никаква друга храна. Без проблем би живееле на сиров лосос и ќофтиња со џем.

Како и што очекувавме, сè што пробавме беше феноменалено, а најголем впечаток од се што пробавме ни остави Gravlax, типично нордиско предјадење приготвено со лосос и сос од копар и сенф на парче леб или компир.

Пробај и ти, Деновите на шведска храна траат сè до 16 јуни. Не го пропуштај Gravlax-от!

 

 

Comments

comments