Оваа недела (1 јули), во Каша бар Скопје, со почеток во 12.00 часот ќе се оддржи вториот меморијален турнир за видео игри во чест на прерано починатиот Никола Поповски – Ниџо.

По успехот на ланскиот прв меморијален турнир за Никола Поповски – Ниџо, во ова второ издание учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат во две игри: Mortal Kombat X или Call Of Duty 2. Натпреварувањето во двете игри ќе се оддржи во играчниците Insomnia и ODAX. Повеќе информаци за правилата на играње и начинот на пријавување може да најдете тука.

Тоа што е од особена важност е дека двете игри се за возрасни, така што може секој да се пријави, а за малолетниците потребна е дозвола од нивните родители. Исто така, одлична шанса ќе имаат родителите и сите заинтересирани да учествуваат во информативната работилница за ESRB рејтинг со цел подобрување на изборот на видео игри за нивните деца. Повеќе информации за оваа работилница и целосната програма на турнирот можете да најдете тука.

 

 

Освен играњето и натпреварувањето во двете главни игри на турнирот, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со играчи на видео игри од Македонија и да ја пробаат првата македонска друштвена игра – Small Star Empires на Милан Тасевски.

Во однос на наградите, наградата за прво место во тимска и индивудална конкуренција во играње Call of Duty 2 е Genesis Cobalt 300 gaming Combo, a прва награда во Mortal Combat X е вредносен ваучер од 100 евра од Академска Книга.

Овој турнир е уникатна можност за сите љубители на видео игри да ги испробаат своите играчки способности и да ги освојат вредните награди ако победат на турнирот.

Учеството: 100 денари.

 

Comments

comments