Инспирана од турски серии и нивното труење на мојата интелегенција, некако ме обзеде идејата да ја видам светлата страна на Турција т.е. турските филмови. Сосема случајно изборот падна на „Head-on” (подоцна и омилен).

Го гледав во автобус кога патував накај Истанбул. Потрошив едно кило паломи, а го гледав повторно штом се вратив дома. После филмов решив да ги погледнам сите филмови на Fatih Akin, турски режисер кој живее и твори во Германија. На крајот отидов чекор понапред и изгледав купишта филмови кои се од турско-германска продукција.

 

Head-On

Приказна за турци кои живеат во Германија. Поточно за нивната култура, менталитетот, начинот на размислување, традицијата. Романтична драма со нов поглед кон љубовта и загубата. Мој омилен дел е саундтракот: трагични, љубовни песни со етно и панк-рок елементи.

 

 

Soul Kitchen

Вториот филм од серијалот „гледање на сите турско-германски филмови за рекордно време” е „Soul Kitchen”. Комедија во кое омиленото трио на Faith (Adam Bousdoukus, Moritz Blibtreu и Birol Unel) се фантастики. Вистинска хрена за душата.

 

 

The Experiment

Сигурно ви е познат повеќе римејкот на филмов од 2010 на Paul Scheuring во кој играат Adrien Brody и Cam Gigandet. Епа ова е вистинската верзија која, според мене, е подобра и вреди да се гледа.

 

 

Crossing the Bridge: Sounds of Istanbul

Документарец за градот кој ги поврзува Европа и Азија. Микс на истокот и западот. Се работи за денешната модерна турска музика која е комбинација од традиционалната етно музика и новите рок и хип-хоп звуци. Парче видео уметност која ќе ве запознае со различни ликови и карактери, познати и улични музичари, стари и млади, бројни музички стилови. Едноставно фантастичен документарец.

 

 

The Edge of Heaven

Филм кој со сигурност емотивно (јас лично пуштив некоја солза) ќе ве допре. Ќе ви донесе духовен мир, од една страна, а постојат и сериозни индикации дека ќе ве расплаче или насмее. На оние кои не им се допаднал „Head-On”, овој филм е вистински погодок.

 

 

The Cut

Не е емотивен како другите, повеќе е приказна за пронаоѓање и преживување. Омилениот дел ми се кадрите на улиците во Куба. Прекрасно.

 

Comments

comments