„Twelve“ е сингл на групата Foolish Green кој неодамна ја имаше својата премиера. По издавањето на извонредниот деби албум „Escape“ минатата година, бендот со овој сингл го најавува новиот материјал планиран да се појави во почетокот на 2016.

За својот нов материјал, Foolish Green споделија:

„Суштинска порака и музичка опомена до авторитетните органи на општеството, до власта и мизантропијата во пирамидалниот систем. Да, тие кои го обесија човекот на земјата, го оковаа во пранги на ропство, инфициран од сеопштото лудило. Тие кои го оставија да преживува, а не да живее! Тие кои му го одземаа правото да верува и правото да биде во право. Тие кои горчеливо ја исцедија неговата старост. Вирусот во живото граѓанско ткиво кој доведува до се поголем хаос мора полека и свесно да го лекуваме. Ѕверот е веќе испуштен од контрола, саатот критично отчукува, а казната допрва доаѓа. Вратите се отворени, пречките се поголеми. Во нивниот слух нема мелодија, туку викотници и галама на неслушнатите. Вејте го знамето на љубовта, таа не одржува во живот. Затоа што веќе не сте безбедни, како дванаесетте мајмуни! Тие живеат, но ние не спиеме повеќе! This system needs to restart!“

 

 

Comments

comments