Видеото е превземно од Радио МОФ.

 

Во ГТЦ Скопје се отвори „Umbrella“, првиот бар во Скопје во кој дел од вработените се лица со попреченост.

Барот е лоциран на местото на поранешното кафуле „Чао“ и во него се вработени 10 лица со попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал, а во иницијативата е вклучен и Филозофскиот факултет.

За идејата и искуството Шенкар Џемаилов, еден од вработените во кафе барот изјавува:

„Не верував дека ќе можам, ова е првпат да работам во кафе бар на шанк. Сега за сега сè е во најдобар ред. Не мислев дека ќе бидам правиот човек за на шанк, но се интересирав за се. Не учеа да бидеме културни со гостите, како да се однесуваме, како да ги пречекуваме и друго..“

Проектот е подржан од Министерството за труд и социјална политика, Општина Карпош и Агенцијата за вработување, а Филозофскиот факултет се јавува како партнер од аспект на кадар и поддршка со студенти.

 

Comments

comments