– „Здраво дали може еден хамбургер?“
– „Кечап и мајонез?“

Ако не сте фан на овие муабети, и повеќе ви лежи овој муабет:

– „Здраво дали може една витаминска салата?“
– „Да ја зачиниме со хималајска сол, балсамико крема и маслиново масло?“

Тогаш треба да тркнете до „Вега Фреш Бар“.

Бомбици, салати, смутиња, и сите други здрави, необработени, хранливи продукти се дел од оваа прекрасна, дрвена продавничка. Ние бевме таму да јадеме по една витаминска салата и по некоја бомбица (со индиски ореви и чоколадните се екстра) и да ги запознаеме дечките кои се дел од тимот на Вега. Сè убаво ни објаснија што и како работат, па ај да видите што имаат да кажат. 

IMG_6430

Која е позадината на Вега?

Фокусот на Вега е сировата и веганска исхрана. Нашата цел е да ја разбудиме свеста во врска со начинот на исхрана и секојдневните навики.

Дали нашиот народ е спремен за ваква храна и производи? Како ве прифатија и кои беа почетните реакции, а кои се денес?

Дефинитивно. Задоволство ни е што од самиот почеток до денес добиваме позитивни критики (поддршка), а воедно и нови клиенти и фанови.

Знаеме дека имате специфични сосеви и продукти кои се тешко достапни во Македонија. Како се снаоѓате со снабдување на потребните намирници?

Во Македонија, а особено во Скопје е позитивна околност тоа што секојдневно се покачува бројот на био-продавници во кои може да се најде се што ни е потребно. Навистина имаме широка палета на продукти кои ни се достапни.

Дали имате возрасна група на луѓе кои ви се најголеми фанови и потрошувачи, и ако има која е таа?

Секако. Тоа се оние потрошувачи на кои сировата и веганска храна им претставува начин и стил на живот.

Да имате моќ, една работа која би ја промениле кај македонскиот менталитет во поглед на исхрана и начин на живот?

Континуитет. 🙂

Дали овој тип на храна што го нудите е поволен за професионални спортисти и рекреативци? Дали можеби сте спонзор на некој спортски клуб или дали кај вас се хранат нашите спортисти?

Да. Иако не користиме производи од животинско потекло, имаме високо протеински продукти кои се препорачуваат за спортисти и рекреативци.

IMG_6462

Вие самите ја приготвувате храната или некој друг го прави тоа?

Тимот на Вега е задолжен за подготовките на храната.

Дали некогаш би вметнале месо во вашата палета на производи?

Не, немаме во план да додадеме месо во нашата палета на производи затоа што повеќе целиме кон сировата храна.

Кои се плановите за во иднина?

Нашиот план за во иднина е да отвориме и нови локации низ Македонија, а и пошироко, како и да ја разбудиме свеста кај народот за подобар начин на живот и исхрана.

Моето мислење е повеќе од очигледно – тимот на Reborn речиси секој втор доручек го јаде во Вега Фреш Бар (некогаш двата во ист ден). Кое е вашето?

 

Галерија

Comments

comments