Велат во Битола било „најубо за Велигден“.

И дефинитивно се во право. Што значи – ако сè уште не си решил каде да го поминеш продолжениот викенд, те каниме во Градот на Конзулите, кој во деновите што следуваат, дефинитивно ќе биде и градот на најдобрите журки и настани.

Па така, освен преполниот Широк Сокак и „убајте чупиња“, дополнителен повод нека ти бидат добрите програми во Битолските кафулиња.

А бидејќи сите локали имаат спремено богата програма, ние убаво ги расчешлавме агендите и ти подготвивме селекција што ќе ти помогне секогаш да бидеш на вистинското место.

 

Четврток во Сопче

Четврток ќе одиме во „Сопче“ на We Pretend Home Parties и омилениот диџеј на битолските манакенки, Мирко Попов. Спреми се – се вика Сопче бидејќи одиш еднаш и после ти е дома.

 

 

 

Петок во Камарите

Петок безбеден избор ти е на Nina & 2Exit во еден од омилените локали на битолчани, Камарите. Мислам дека не треба повеќе да објаснувам. Нина е, една е.

 

 

 

Сабота во Радост и Јагода

Сабота одиме на целодневен маратон „12+ часа музика во Радост”, со домашните Битолски диџеи BerryQyat, Dejan Dex, Joss, Кристијан Петровски и гостинот Сашо Узуновски. Настанот започнува во 12.00 напладне, а кога ќе заврши, со најупорните продолжуваме во Јагода на Dj Flooder.

 

 

 

Недела во Јагода

Велигденски, неделата ќе ја почнеме во „Мезе Бар Јагода“, каде од 12 до 16 часот ќе се забавуваме со Woody Allen & Hanna jazz, а потоа ќе продолжиме на афтер(че) со Berkant Kidaz & Ognen and Buki.

 

Секако дека во горенаведените локали е изготвена програма за сите денови, па јас не би се задржувала на едно место. Слободно дојди да се корзираме заедно.

 

Comments

comments