Ако следиш (а следиш) влијателни личности на Instagram, тогаш сигурно веќе имаш забележано дека зборуваат за новата социјална мрежа „Vero – True Social“.

Мобилната апликација Vero, за која многу веруваат дека ќе го замени Instagram, не е нова, таа постои веќе неколку години, но тек сега допрва станува популарна. Причината зашто и покрај сите социјални мрежи кои едвај постигнуваме да ги одржиме, луѓе се одлучуваат да и се посветат на уште една, е тоа што во своето манифесто тврди дека нуди „поавтентично“ искуство од било која друга.

Апликацијата ти дава преглед на работите кои твоите пријатели ги објавуваат на стариот добар начин – сите и хронолошки подредени. Ова значи дека за разлика од Facebook и Instagram, на Vero ќе можеш да видиш сè, и тоа точно подредено според времето на објавување.

Еден од минусите на апликацијата (зашто нели – сите имаат по некоја негативна страна) е тоа што е subscription-based. Односно, првите милион корисници кои ќе се приклучат добиваат бесплатна употреба на апликацијата засекогаш, додека на следните ќе им биде наплатена симболична годишна цена за претплата.

 

 

Иако никој од нас не сака да плаќа за мобилни апликации, оваа негативна страна можеби и ќе се одрази позитивно, затоа што според Vero:

„На овој начин нашата апликација останува фокусирана на корисниците, а не преминува во продукт кој ќе биде наменет за компаниите кои се рекламираат. Со наплаќање на претплата, ние ќе може да ја одржиме Vero без реклами и да се фокусираме на тоа да им го овозможиме на корисниците најчистото и најдобро социјално искуство.“

Се разбира, и компаниите ќе може да ја користат Vero, но ќе им биде наплатено за секој пат кога ќе додадат „buy now“ линк.

Можеби е сè уште прерано да прогласиме дека Vero е новиот Instagram или Facebook. Но дефинитивно се надеваме дека ќе се појави некоја социјална мрежа (можеби оваа) која ќе не спаси (Reborn) од канџите на Facebook-алгоритамот.

 

Comments

comments