На 18,19 и 20 мај, на повеќе локации низ Скопје, ќе се одржи првиот Веспа настан од меѓународен карактер кај нас, организиран од страна на Веспа Клуб Скопје.

„1st Skopje Vespa Days 2018“ се раѓа како реакција на сè поголемиот интерес кај нас за брендот Веспа, како и како резултат на интересот покажан од страна на веспа-пријателите од Србија, Косово, Грција, Словенија, Црна Гора, Бугарија и други земји.

Овој настан има за цел да понуди едно поинакво доживување во нашиот град, да го промовира Скопје во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покаже дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.

 

 

Организаторот на настанот, Веспа Клуб Скопје, е клуб за вистинските вљубеници во моделите на Piaggio Vespa, со единствена цел – промоција на културата на возењето на Веспи. Единствениот предуслов кој треба да го исполните за да станете член на клубот е да поседувате бар една Веспа, без разлика на годината на производство.

Клубот е во континиуиран пораст, моментално брои 40 активни членови, и се јавува во улога на организатор на групни возења и посети на меѓународни настани, организирани од Веспа клубовите од други земји.

За да се пријавите за учество во настанот и за неговата детална програма проверете тука.

 

 

Comments

comments