Новото јавно обележје на урбаната зона „Hudson Yards“ во Менхетен е проект на Thomas Heatherwick (ако не ти текнува кој е Heatherwick, погледни го победничкиот павилион на Велика Британија на Експото 2010 во Шангај).

„The Vessel“ е проект коj ќе биде централната знаменитост на еден од најголемите зафати кој се случил во Њујорк во последно време, после Rockefeller Center. Наместо да биде нешто што само ќе го погледнете, сува инсталација, Heatherwick студиото го зема предизвикот да создаде атракција која ќе може целосно да се истражи и да се искачи секој негов сантиметар. The Vessel ќе и пружи на јавноста  еден комплетно нов и неверојатен поглед на Њујорк и Hudson Yards.

 

731_vessel_view01_credit_forbes-massie-1800x2000

 

Структурата се состои од серија на метални скали, кои се поврзуваат меѓусебно на начин кој изгледа на високa вазна направена од саќе. Меѓусебно поврзаните скали, вкупно 154 на број, заедно со 2.400 газишта и 80 подести, ќе создадат патека долга 1.6 километри, која монументално ќе надвисува над градскиот плоштад.

Објектот ќе има шестоаголна основа со висина од 45 метри и дијаметар од 15 метри, а секое следно ниво ќе оди во ширина, сè додека не се дојде до врвот, кој ќе биде широк исто така 45 метри. Во моментов производството на The Vessel е започнато во Италија, ќе биде изработено од челични рамки, додека долната страна на инсталацијата ќе биде покриена од полиран челик со бронзена боја.

 

731_vessel_view02_credit_forbes-massie-1799x2000731_vessel_view04_credit_forbes-massie-1400x1400

 

Comments

comments