На 27.04.2018 (петок) со почеток во 20:00 часот во Музеј на современа уметност ќе се одржи промоција на поетската книга „Вештерките денес“, од Калиа Димитрова.

„Вештерките денес“ е книга жизнена, силовита, продорна, свежа, нежна, приемчива, заводлива, самосвесна и нималку климоглава ‒ баш како самата Калиа. Покрај тоа, книгата има јасна дикција, непосреден израз и неприкриен активистички (општествен) ангажман. Стилот на Калиа е емотивно реалистичен, со нежни ретки преплетувања на фантастични слики и евокации.

 

 

На промоцијата на „Вештерките денес“ свое кратко излагање ќе имаат Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум, кој ќе збори за новата едиција „300 ветрила!“ и за поезијата на Калиа, како и актерката Кристина Леловац, која ќе прочита неколку песни од стихозбирката.

Премиерно на промоцијата ќе биде прикажан и краткиот филм „Вештерките денес“, во режија на Борјан Стојков, изработен според пет песни од збирката на Калиа.

По официјалниот дел од програмата ќе следи мала коктел забава со музичка селекција на Ивана Низамовска.

 

Comments

comments