Фотографии: Соња Ставрова и Ивана Тасев

 

Во рамки на фестивалот „Паратисима Скопје“ ќе биде промовиран новиот видео спот за синглот „Десет“ на Теа Шалдева, во музичкиот свет позната како Galatheia.

Фестивалот „Паратисима Скопје“ секоја година е сè поплоден и поиновативен. Освен промовирањето на уметници и афирмација на културата, оваа година на четвртото по ред издание, одат чекор понапред и во богатата програма вметнуваат уште еден креативен курс за продукција на музички видео спот.  

За курсот беше објавен конкурс, по кој фестивалот селектираше вкупно седум учесници. Учесниците беа инволвирани во креативниот процес на подготовка, односно имаа можност да работат сценографија, шминка, како се оперира со камера, да работат на специјални ефекти (солење светки од плафон) 🙂  

Резултатите од курсот се нов видео спот наречен „Десет“ за синглот на Теа Шалдева, позната како Galatheia, кој е дел од нејзиниот нов албум „Метропол“. Проект е остварен во соработка со Studio Baika (Бојан Кртолица) и снимателот Гого Клинчаров, а истиот е направен со минимален буџет, многу ентузијазам и огромен професионализам.

Промоцијата на спотот е закажана за сабота (10.06.2017) во Младинскиот културен центар, на уште еден кул настан – музичкиот фестивал „Здраво Млади. Точното време на прикажување на спотот е сè уште непознато, така што – биди таму од почеток.

А ние, лукави како и секогаш, успеавме да се протнеме на снимањето на спотот, па можеме да ви пуштиме и пар мини-тизери: Теа ја надминува Бијонсе, танц во пустина, многу глитер и тело – една цела вселена.

Во случај да не успееш да дојдеш во сабота, тогаш ќе можеш да го погледнеш спотот следната недела, за време на саемот на Паратисима Скопје“ кој ќе се одржи од 15 до 17 јуни во МКЦ.

За крај, вреди да се спомне дека како и за многу други работи во градот, ова немаше да се случи без поддршката на скопските херои – екипата на МКЦ, кои го обезбеди просторот и помогнаа во реализацијата на спотот.

 

Фотографија: Соња Ставрова

 

Фотографија: Соња Ставрова

 

Фотографија: Ивана Тасев

 

Фотографија: Ивана Тасев

 

Фотографија: Ивана Тасев

 

Фотографија: Ивана Тасев

 

Фотографија: Ивана Тасев

 

Comments

comments