Спонзорирано од Vip

 

Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар, (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано, и (4) документарен.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:

Интервју со Антонио, илустраторот познат како Pig Hands
Избран победникот на конкурсот за постер за Прво па Женско
Најдобрите логоа според пет наши графички дизајнери

 

 

Logan (2017)

Нов филм

Препорака на Диме
IMDB 8.7

Logan, најјакиот од сите X-Men херои, нормално целосно субјективно кажано. Приказната на филмот се случува во блиска иднина, на границата со Мексико, каде Logan (Wolverine) се обидува да остане анонимен и да живее нормален живот, притоа грижејќи се за болниот Professor X. Но се појавуваат нови клинци, мутанти, кои му го „пореметуваат” навидум нормалниот живот на Логан. Филмот изобилува со крвави и јаки сцени, како и емотивно-трагични моменти. Не смеам ништо повеќе да ти откријам, едноставно гледај го филмов, вреди за сите пари. 

 

 

 

Ratatouille (2007)

Не-нов-не-култен ама добар

Ratatouille на HBO (11.03.17, 11.25) со Vip Комбо и Vip ТВ

Препорака на Бане
IMDB 8.0

Дефинитивно еден од позабавните и пооргиналните анимирани филмови снимени во последнава декада. Одлично изработениот анимиран филм ја раскажува приказната за глувчето Remy, чиј животен сон е еден ден да прерасне во врвен кувар во Париз. За да си ја оствари целта, Remy се вшмугнува во еден од најелитните париски ресторани и се здружува со ѓубреџијата Linguini. Тие набрзо склучуваат зделка, која предизвикува урнебесен сплет на настани, што го превртуваат градот наопаку. Remy е растргнат помеѓу тоа дали да ги следи своите соништа или да се врати на тоа да биде само обично глувче. 

 

 

 

Blue Velvet (1986)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Дона
IMDB 7.8

Ако те прашаат да ја издвоиш најодвратната, језива сцена која некогаш си ја видела на филм и која никогаш нема да можеш да ја заборавиш, која ќе биде? Јас ја избирам онаа од Blue Velvet во која Dennis Hopper дише од боца со кислород додека ја малтретира Isabella Rossellini. Сакав да ја раскажам цела сцена, но (1) spoiler, (2) немам сила ни да ја напишам.

Blue Velvet е мојот омилен филм од David Lynch, во кој се разбира се појавува неговиот омилен Kyle MacLachlan. Типично за Lynch, филмот е исполнет со темни, вознемирувачки, одвратни сцени и неверојатни количини бизарност и мистерија. Токму затоа никогаш нема да можеш да го заборавиш.

 

 

 

The Hurt Business (2016)

Документарен

Препорака на Бане
IMDB 6.4

Дефинитивно оценката на IMDB понекогаш знае да излаже. The Hurt Business е филм за еден од најатрактивните и најактуелни спортови на денешницата, UFC. Продуциран од момците кои стојат позади документарците Bowling for Columbine, Fahrenheit 9/11 и Generation Iron, The Hurt Business е документарен филм каде вистински и реално се прикажани животите, падовите, подемите и бројните проблеми со кои се соочуваат UFC борачите. Изгледај го филмот и дознај нешто повеќе за другата страна на овој спорт.

 

Comments

comments