Спонзорирано од Vip

 

„Бркови су мочни, желиш ли девојко сладолед вочни?” – Ајс Нигрутин.

Со оваа максима на познатиот белградски рапер го отвораме написот во кој, по повод Movember – месецот на машкото здравје и неговите влакна, ги издвоивме нашите омилени 5 актери со неверојатни бркови.

Ние за растење бркови не чекаме дојде ноември, а ниту пак за гледање на добар филм. Но доколку тебе ти треба дополнителен повод, разгледај ги нашите неколку омилени бркови во историјата на кинематографијата придружени со по една филм препорака за викендот кој следи.  

 

Гледај серии и филмови на HBO 12 месеци бесплатно со ВИП Комбо

Tom Sellek
Гледај го во: Jesse Stone: Lost in Paradise (HBO, 19.11.17, 01.25 часот)

Нема потреба од отворање категорија најдобар филмски брк на оскарите, зашто веднаш се знае дека никој друг и никогаш не ја заслужува повеќе од Tom Sellek. Не ни веруваш? Прашај ја мајка ти.

Нашата прва препорака за денес е Jesse Stone: Lost in Paradase, каде Jesse Stone (Tom Sellek) е во потрата по сериски убиец во Бостон, a по пат е опркужен со многу згодни и незгодни ситуации. За целосно доживување на магијата на брковите на Tom Sellek, продолжи го серијалот со филмовите Three Men and a Baby, Quigley Down Under, Mr. Baseball и Lassiter. Доста ти се. Сега за сега.

 

 

Sasha Baron Cohen
Гледај го во: Borat

Иако во приватен живот многу ретко е бркосан (според Google images), неговата улога во Borat е апослутна победа, поради што му простуваме дека бркот го чува само за на филмското платно. Инаку, Borat е филм за мисијата на најпознатиот ТВ водител од Казахстан, харизматичниот и тотално откачен Borat, во најдобрата држава на светот, Америка.

Покрај Borat, Sasha Baron Cohen можеш да го најдеш и во: The Dictator (овде е акцентот повеќе на брадата, али ако, одговара) и Ali G Indahouse. Реално, вреди да погледнете сè од Sasha.

 

 

Will Ferrell
Гледај го во: Anchorman

Искрено, не знам како децата го сфаќале за сериозно татко си во периодот кога Will го снимал Anchorman. Замисли на таа фаца, која во секој случај е пресмешна, да додадеш ваков брк?

Инаку, Anchorman е филм чие дејствие се случува во Сан Диего во 70-тите години и е приказна за највисоко рангираниот ТВ водител во Сан Диего, Ron Burgundy (Will Ferrell) и неговата борба со новиот член на Chanel 4, Veronica Corningstone (Christina Applegate). Филмот е одличен (заедно со неговото продолжение), топла препорака, а откако ќе ги изгледаш двата филма, продолжи со: Step Brothers, The Other Guys и Get Hard.

 

 

Tom Hardy
Гледај го во: Bronson

Tom Hardy. Еден од моите омилени актери па и личности (не го знам лично, можеби ќе го запознаам еден ден.) Прав уличен мангуп со стил и однесување кое ретко се сретнува кај голем дел од холивудските актери. А на тема мовембер, Bronson е филмот кој мора да го погледнеш, што поради тој неверојатен брк кој е дел од ликот и делото на најпознатиот британски затвореник Charles Bronson, а што поради самата тематика и режија на филмот.

Инаку Tom Hardy треба да го погледнеш и во: Mad Max: Fury Road, Inception, The Dark Knight Rises, The Revenant и уште мал милион други јаки филмови. Имаш доста за гледање.

 

 

Danny Trejo
Гледај го во: Machete

Мексикасни бркови, зезнати тетоважи и многу лута фаца. Danny Trejo и неговите неверојатни бркови убива се што му се наоѓа на патот во филмот Machete. Филмот, кој ние го обожаваме и го имаме гледано повеќе пати од што сакаме да признаеме, ја раскажува приказната на еден предаден и измамен платен убиец, Machete (Danny Trejo), кој е спремен за одмазда. Во филмот режиран од Robert Rodriguez се појавуваат и Robert De Niro, Jessica Alba, Steven Seagal и Michelle Rodriguez.

Ако те шармира Danny Trejo следно пушти From Dusk Till Dawn, Desperado, и Heat.

Напомена: Во скоро сите филмови во кои се појавува Danny Trejo (за жал) неговата улога е споредна, ама филмовите се секогаш добри.

 

Comments

comments