Спонзорирано од Vip

 

Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) Нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар, (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано, и (4) документарен.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Elle (2016) 

Нов филм

Препорака на Мери
IMDB 7.3

Психолошки трилер во режија на Paul Verhoeven, сценарио David Birke, а напишано по новелата Oh од Philippe Djian. Elle помина одлично на Кан и однесе неколку победи, а едната од нив е златен глобус за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Станува збор за успешна возрасна жена Isabelle Huppert со огромна кариера која откако ја силуваат влегува во една чудна и опасна игра со напаѓачот.

 

 

 

Me and Earl and the Dying Girl (2015) 

Не-нов-не-култен ама добар

Me and Earl and the Dying Girl на HBO со Vip Комбо и Vip ТВ

Препорака на Диме
IMDB 7.8

Филм за два тинејџери опседнати со добрите, квалитетни, култни филмови. Greg и Earl, се хаотични исто колку што е добар нивниот вкус за филмови (што посакуваме да го имавме ние на тие години). Тие ги живеат своите денови опседнати со ремек-делата на Werner Herzog, Truffaut и Powell and Pressberger. Ако ти се слабост филмови кои делат слична атмосфера со Juno, 500 Days of Summer и Lost in Translation, тогаш ќе ти се допадне и Me and Earl and the Dying Girl.

 

 

 

Solaris (1972) 

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Дона
IMDB 8.1

Не (само) затоа што е руски филм снимен по полска книга, но приказната на Solaris е неверојатна и ниту еден сериозен sci-fi фан нема да може да и одолее. Иако Stalker е можеби најдобриот филм на Andrei Tarkovsky, мене овој ми останува најдраг. Во филмот, психологот Kris Kelvin (Donatas Banionis) е испратен да ја евалуира корисноста на вселенската станица која орбитира околу Solaris. Ти ветувам дека откако ќе го изгледаш филмот, никогаш повеќе нема да го погледнеш морето без да помислиш на Solaris. А ако годишно читаш во просек една книга, тогаш во 2017 тоа нека биде истоимената од Stanisław Lem.

 

 

 

Exit Through the Gift Shop (2010)

Документарен

Препорака на Васил Кајчевски
IMDB 8.0

Фантастичен документарец за еволуцијата на уличната графити уметност, која за жал сè уште не е прифатена како што и доликува во нашето општество. Exit Through the Gift Shop го опфаќа животот и делото на Thierry Guetta (Mr. Brainwash), французин кој емигрира во Los Angeles кон крајот на деведесетите години. Пасија му е видео документација на секој сегмент од неговиот живот. Кога сосема случајно во неговиот објектив ќе улета парче улична уметност, од тој момент манијакално започнува да ги документира делата на разно-разни улични уметници, за да на крај се поврзе со великаните на оваа уметност, Shepard Fairey (OBEY) и Banksy, чија работа ја прати и документира насекаде низ светот. Брилијантно.

 

Comments

comments