Спонзорирано од Vip

 

Изгледа веќе ти здосадија филмовите поделени по категории.

Во некоја досадна книга за маркетинг прочитавме дека личните содржини се попривлечни. Нас тоа ни одговара – ние сме деца на 21 век кои не ја пропуштаат секоја можност за споделување по некое (неважно) парче од себе со светот.

Затоа, сега филмските препораки стануваат еден искрен и реален одраз на оригиналните вкусови на секој од тимот, надополнети со една препорака од нашите читатели.

Доколку сакаш да се приклучиш на нашите препораки:

Напиши еден до два пасуси за филмот, фокусирај се на тоа зашто ти мислиш дека е добар, а не на синопсисот закачен на IMDB, и испрати ни ги заедно со една фотографија од тебе на dona@reborn.mk, со subject на мејлот „film preporaka. А ние, секој петок, на нашиот стандарден формат ќе додадеме и една рандом избрана препорака на читател. Во ова издание на Кои филмови да ги гледаш викендов, филмската препорака ни доаѓа од Елизабета Нелоска. 

Се надеваме дека твојот вкус ќе се поклопи со некој од нашите. А затоа што добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:
[Видео] 8 брзи прашања со… Прво па женско
Теа Пупкова ни се потпиша во споменарот
#rebornphoto: Инстаграм фотографии на неделата

 

 

Suburra на HBO GO со Vip Комбо и Vip ТВ

Suburra (2015)

Препорака на Бане
IMDB 7.4

Италијански филм кој многу вешто и искусно бега од клишето наречено „италијанска мафија и филмови поврзани со таа тематика”. Навидум класичен мафијашки филм, но сепак тоа е само заблуда. „Suburra” е филм за гангстерот наречен „Самурај” кој планира квартот Suburra, дел од градот Рим, да го претвори во италијанската верзија на Лас Вегас. Но тоа не е така лесно како што изгледа.

Реален и вистинити приказ на шемите и конекциите во италијанското општество и разно-разните криминални групи и подгрупи. Во филмов ќе сретнеш вмешаност на луѓе од сите сфери на живеењето. Од свештеници и судии, до ситни гангстери, проституски и локални нарко босови.

 

 

Only Lovers Left Alive (2013)

Препорака на Елизабета Нелоска (Reborn читателка)
IMDB 7.3

Уште со првите 3 минути од фимот, јас бев освоена.

Хипнотизирана од прекрасната музика која го прати филмот во целост. Музика која го исполнуваше моето секојдневие долго време после гледањето на филмот.

Заведена од кул парот вампири со изразено софистициран вкус и стил, Tilda Swinton и Tom Hiddleston. Несомнено заводлив пар кој несрамно ги споделуваа нивните музички и литературни интереси, а јас едноставно уживав во нивно друштво.

Филм кој ја обработува темата на вампирите, но на сосема нетипичен, шармантен начин, со страсна креативност. Филм во кој се акцентира уметноста, естетиката, музиката, литературата, страста, љубовта, романтиката и зависноста. Филм преполн со раскошни и ретки слики и звуци. Врвна филмска екипа, предводена секако, од маестралниот Jim Jarmusch.

 

 

To Stay Alive: A Method (2016)

Препорака на Дона
IMDB 7.2

Пред неколку дена случајно „се најдов“ на проекција на филм во кој главната улога ја игра Iggy Pop. За некој заљубен во Iggy колку што сум јас, ова е една од најдобрите изненадувања што може да ми се случат во една неделна вечер.

„To Stay Alive: A Method“ е холандски документарен филм базиран на есејот „To Stay Alive“ од Michel Houellebecq, напишан во 1991. Во филмот, во кој Iggy Pop го чита оригиналниот есеј, се појавува самиот Houellebecq и неколку маргинализирани уметници. Иако филмот е прекрасен, можеби најинтересното нешто во врска со него е обостраната почит, разбраност и пријателство на Iggy и Houellebecq. Дади му шанса, сигурна сум дека е подеднакво добар и ако неслучајно го изгледаш.  

 

 

Get Out (2017)

Препорака на Диме
IMDB 7.9

„Get Out“ е психолошки и сатиричен хорор филм за млад афроамериканец и неговиот прв контакт со родителите на неговата бела девојка. Филмот е режиран од Jordan Peele, познат како една половина од дуото Key & Peele.

Искрено, прв пат кога слушнав дека Peele е сценарист и режисер на хорор филм, бев изненаден од неговиот потег и не очекував некој позитивен резултат. Но имагинацијата и фантазијата на Peele дефинитивно ни презентираa нешто уникатно и свежо во овој филмски жанр. „Get Out“ е филм со одлично сценарио, уште подобра кинематографија и актери чија глума ме изненади (Marnie од Girls ја игра главната женска улога). Ова е првиот филм од 2017-та година што го сместувам во категоријата „must see”.

 

Comments

comments