Спонзорирано од Vip

 

Изгледа веќе ти здосадија филмовите поделени по категории.

Во некоја досадна книга за маркетинг прочитавме дека личните содржини се попривлечни. Нас тоа ни одговара – ние сме деца на 21 век кои не ја пропуштаат секоја можност за споделување по некое (неважно) парче од себе со светот. Затоа, сега филмските препораки стануваат еден искрен и реален одраз на оригиналните вкусови на секој од тимот.

Се надеваме дека твојот вкус ќе се поклопи со некој од нашите. А затоа што добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:
MASC: Фото едиториал на Никола Илиевски
Моника Јамандиловска ни се потпиша во споменарот
Baraka и Samsara документарен приказ на светот

 

 

Everest на HBO со Vip Комбо и Vip ТВ

Everest (2015)

Препорака на Бане
IMDB 7.1

Во било која конотација да е спомнато името Everest, знаеш дека мора да нешто јако. Затоа што ова е рубрика за филмови, моја препорака е да го ѕирнеш филмот Everest.

Приказната е за две експедиции, кои се натпреваруваат меѓусебе кој прв ќе стигне до врвот на Еверест. Но забораваат на моментот дека Еверест е дел од огромен планински масив, со самиот тоа е дел од природата која е максимално непредвидлива, а второ се работи за Еверест, најтешкиот врв на светот. Што следи понатаму, ќе мора сами да дознаете.

 

 

It’s only the end of the world! (2016)

Препорака на Мери
IMDB 7.0

Луис, 34 годишен писател доаѓа да му соопшти на семејството дека е тешко болен и е на крајот на неговиот живот. Тој се враќа дома после 12 години и реакциите на домашните се прилично вознемирувачки. На Guardian критиката за филмот беше дека додека го гледаш и слушаш е како да си на концерт на Motorhead.

И навистина е така.. од моментот кога влегува Луис низ таа врата, одеднаш се станува бучно и гласно. Секој пати, вриска и го осудува на свој начин. Некој преку молк, некој преку почит, некој преку агресија, некој со прегратка. Филм кој прикажува едно ужасно дисфункционално семејство, а Xavier Dolan така мајсторски ја води приказната што не може, а да не сочувствуваш со ова семејство.

Се’ на се ова е една тажна и моќна семејна драма полна со апсурди и парадокси. Филм кој те води низ лавиринтите на отуѓеноста, каењето и желбата за живот. При крајот на филмот се случува една од најмоќните сцени, каде кулминира цел страв и тага, каде едноставно имате чувство дека понекогаш во животот нема потреба да кажеме некои работи. Дека вистината ја знаеме или пречувствуваме цело време, но најтешкиот дел е истата да ја прифатиме.

 

 

Love and Death (1975)

Препорака на Дона
IMDB 7.8

Никогаш не сум била фан на Woody Allen. Мислам дека е добар актер, добар комичар и писател, но не режисер. Не знам, тоа што другите го сметаат за харизма на мене ми изгледа само како патетичност. Но не би се осмелила да кажам дека нема направено феноменални филмови, од кои Love and Death ми е омилен.

За разлика од неоригиналните, по калап направени филмови на Woody Allen од последните 12 години (дефинитивно и повеќе од тоа), Love and Death е неверојатно оригинално парче филм. Филмот е сериозно забавен, смешен и се разбира – одлично направен. Хуморот се потпира на бескрајните дебати за филозофските и морални ставови на Boris, руски селанец во времето на Наполеон.

 

 

Fantastic Mr. Fox (2009)

Препорака на Диме
IMDB 7.8

Wes Anderson does Мечето Ушко. За снимање на филмот Wes користи класична stop-motion техника и минијатурни модели, чии крзна се поместуваат со секој следен кадар. Како и секогаш, позадините на филмот се прекрасно издизајнирани, а сценографијата исполнета со неверојатно внимателно и симпатично изработени детали.

Fantastic Mr. Fox е филм исполнет со внимателност и перфектност од секој тип. Покрај неверојатната симетрија на кадри и општо добриот дизајн кои го исполнуваат филмот, ова е една прекрасно раскажана приказна, шармантна и топла, досетлива и полна со комични моменти. Мојот омилен филм од Wes Anderson.   

 

Comments

comments