Спонзорирано од Vip

 

Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар и (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:

Како добрите дизајни ја раскажуваат приказната на производот
#rebornphoto: Инстаграм фотографии на неделата
[Видео] 5 Брзи прашања со… Ана Јакимска

 

 

Beauty and The Beast (2017)

Нов филм

Препорака на Мери
IMDB 7.9

Пред некој ден имав можност да ја проследам светската премиера на „Beauty and the Beast“ во режија на Bill Condon. Возбудата беше голема, а јас со високи очекувања. Не ме мачеше само мислата дали цртанот од моето детство ќе биде подеднакво магичен, туку притисокот беше уште поголем заради Emma Watson. Како Хермиона, феминистка во реален живот, ќе изгледа во жолтиот фустан, во улога на убавица од Disney?

Очекувањата беа исполнети, Lumière беше одличен свеќник, Cogsworth лојален часовник, а Mrs. Potts (Emma Thompson) како и секогаш, прекрасна грижлива мајка и жена. Филмот е прекрасна бајковита приказна со многу музика, бои, шминка, ефекти и одлични костими (костимите се правени од еко-френдли материјали).

 

 

 

Black Mass (2015)

Не-нов-не-култен ама добар

Black Mass на HBO2 (25.03.2017, 00.30) со Vip Комбо и Vip ТВ

Препорака на Бане
IMDB 6.9

Johnny Depp, Benedict Cumberbatch и Dakota Johnson на едно место и во ист филм. Екипава ветува. Филмов е снимен според вистинската приказна за Whitey Bulger (Johnny Depp), братот на државниот сенатор и најзлогласениот криминалец во историјата на Jужен Бостон. Филмов изобилува со преплети, фрки и mind games. Ако откријам уште некоја сочна информација ќе бидам осуден за спојлераш.

 

 

 

Brazil (1985)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Дона
IMDB 8.0

Можеби најдобриот филм на Terry Gilliam. Јас, лично, го обожавам 12 Monkeys и засекогаш ќе го сакам повеќе, само затоа што го имам гледано повеќе пати од што треба и затоа што сите тие пати бев премала за овој филм од што треба. Но Brazil, нема дискусија дека е феноменален. Дејствието на филмот е официјално сместено „некаде во 20-тиот век“, но повеќе од очигледно е дека се случува токму во 1984. Мислам на Орвеловата верзија на 1984, од неговата истоимена книга, која исто како и овој филм лажеш дека ја имаш читано.

Brazil, исполнет со британска бирократија, американска параноја, фашистички тоталитаризам и опседнатост со пластична хирургија е неверојатно оригинално освежување од сè што си гледала досега.

 

Comments

comments