Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар и (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано и (4) документарен.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:

Диви на електронската сцена: Ана и Јована од Binary Thoughts
Марија Амски: Мојот фолдер на модни икони
[Галерија] Започна натпреварот Red Bull Doodle Art

 

 

Ghost in The Shell (2017)

Нов филм

Препорака на Бане
IMDB 6.9

Благодарејќи на повикот од страна на Fx3x, вчера вечерта тимот на Re имаше можност да го погледне римејкот на познатата аниме серија, Ghost in The Shell.

Првото нешто што заеднички го дефиниравме, после скоро-па-два-часа концентрација и фокусираност, е дека филмов изобилува со перфектен избор на музика, фантастична фотографија, солидна глума на Scarlett Johansson и уште подобра костимографија. Сè на сè, оценка на IMDB е целосно нереална, а филмот е одлично визуелно патување.

Приказната за тие што не ја знаат се одвива во иднината, каде луѓето од крв и месо пополека стануваат реткост, а трендот на супер луѓе-киборги започнува од Major (Scarlett Johansson), прва од нејзиниот вид, чија задача е да бида супер-оружје кое ќе го штити светот од криминалци. Навистина вреди да се посети Cineplexx за ова филмско остварување на режисерот Rupert Sanders.

 

 

 

Harry Brown (2009)

Не-нов-не-култен ама добар

Препорака на Мери
IMDB 7.2

Harry Brown е осамен старец кој го осветува Kath, неговиот единствен пријател, кој е брутално убиен од улична банда во Лондон. Филмот е прогласен за најдобар британски филм на 2009 според Empire Awards, а тематиката е од особено значење за лондончани, со оглед на тоа што овие банди се нивна реалност.

Мрачен и меланхоличен филм кој прекрасно ја пренесува темната страна на убавиот Лондон. Високо уметничко филмско остварување поткрепено со одлична глума.

 

 

 

A Clockwork Orange (1971)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Дона
IMDB 8.3

Најконтроверзниот филм на Stanley Kubrick, кој после објавувањето во 1971 во Велика Британија, бил повлечен на цели 30 години од самиот Kubrick. A Clockwork Orange и после толку години е еден од најневеројатните филмови некогаш направени, бар од оние јас што сум стигнала да ги изгледам. Храбра интерпретација на истоимената книга од Anthony Burgess, за која долго време се верувало дека воопшто не може да се претвори во филм.

После A Clockwork Orange, кој звучи уште подобро на српски – „Паклена помoранџа“, никогаш повеќе нема да можеш да погледнеш во чаша полна со млеко или да слушнеш симфонија од Бетовен, а да не помислиш на Alex De Large.  

 

 

 

Once Brothers (2010)

Документарен

Препорака на Васил Кајчевски
IMDB 8.6

Once Brothers е документарен филм кој е дел од серијалот на спортски хроники „’30 for 30“, продуцирани од страна на ESPN.

Once Brothers е сторија за легендарното дуо Vlade Divac и Drazan Petrovic, виртуозниот тандем на Југословенската Репрезентација кои заедно имаат освоено скоро па сè – од Медитерански игри до Олимписки игри, а тие меѓу другото се и првите од Балканот кои заиграле во NBA лигата.

Почетокот на крајот на оваа бајковита приказна е војната и меѓуетничките конфликти на Балканот, а завршува со трагичната смрт на можеби следната NBA суперѕвезда, Drazan Petrovic. Дефинитивно филмско парче уметност кое вреди да се погледне, почуствува и доживее. Можеби со филмов ќе можеме пдообро да дознаеме како им било на нашите родители, кои на таа легендарна генерација гледале како на богови.  

 

Comments

comments