Спонзорирано од Vip

 

Ние гледаме, па ти препорачуваме.

Овој текст е дел од серијалот текстови во кои тимот на Reborn еднаш неделно ти препорачува филмови кои мисли дека вреди да ги изгледаш. Секој петок со тебе ќе продолжиме да споделуваме четири филма поделени во следните категории: (1) Нов филм, (2) не-нов-не-култен ама добар, (3) култен филм што лажеш дека го имаш гледано, и (4) документарен.

А зашто добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Swiss Army Man (2016) 

Нов филм

Препорака на Зоран Андоновски
IMDB 7.1

Ова е филм во кој има најмногу пуштање гасови – се знае од каде – во историјата на светската кинематографија. Тоа се користи, како звучни ефекти, но и, хм, како погонско гориво за пловење или пливање – не знам како може да се вика кога некој испушта гасови и тоа го користи како потисок за да се движи низ водата. Добро е што во кината и на ТВ има само слика звук, а не и мириси (television, not smelovision), затоа што нема да биде пријатно гледањето.

Но, сепак, ова е сериозен, откачен, комичен и драматичен филм за суштината на животот, на смртта и на пријателството и кој е уште еден доказ дека тој Daniel Radcliffe бил глумец бе.

 

 

 

All Is Lost (2013)

Не-нов-не-култен ама добар

All is Lost на HBO со Vip Комбо и Vip ТВ

Препорака на Дона
IMDB 6.9

Иако филмот не е првото нешто што го замислуваш кога ќе ти најават дека станува збор за Robert Redford во улога на морнар, сепак е феноменален. Снимен по вистинска приказна, филмот има само еден лик – морнар кој се наоѓа себеси „заглавен“ насред Индиски океан, неговото преживување и феноменален карактер кој игра клучна улога во неговото преживување. И девојки, нема ништо погрешно во тоа да ве воодушевува 70 и кусур годишен Роберт, нели?

 

 

 

Duel (1971)

Култен филм што лажеш дека го имаш гледано

Препорака на Бане
IMDB 7.7

Каков филм. Првпат кога го гледав, да го имам гледано повеќе пати, на крајот на филмот бев со фацата wtf?, озбилно на некој му текнало ова да го направи? Епа тој некој е Steven Spielberg, и Duel му е првиот долгометражен филм во улога на режисер.

Филмов е толку едноставен, што ќе си помислиш дека секој може да го изрежира. Но, сепак има нешто во него што го прави култен. Приказната е следна: Бизнисменот David Mann (Dennis Weaver), движејќи се со својот автомобил низ пустински дел на Америка, при обидот да претрка еден сив и страшен камион, му се случуваат неверојатни фрки. Се случува двобој помеѓу автомобилот и камионот. Се случува тотална бркотница во која David ќе биде прогонуван и бркан од страна на возачот на камионот, со една цел да го убие, без никакво логично објаснување. Збунетост и напнатост до крај.

 

 

 

Samsara (2011)

Документарен

Препорака на Бане
IMDB 8.5

Не знам како да го опишам документарецов освен како неверојатно визуелно човечко достигнување. Samsara и Baraka, се дефинитивно најдобрите остварувања во кариерата на режисерот Ron Fricke, кои преку фотографии, кадри и 70мм филм го прикажуваат животот на луѓето низ планетава и нивните секојдневија. Samsara се задржува на приказ на моментите снимени во период од 5 години во 25 држави и не води на едно патување низ религиозни светилишта, напуштени локации, индустриски комплекси, природни чуда и загрозени места. Албум на светот.

 

Comments

comments