Спонзорирано од Vip

 

Изгледа веќе ти здосадија филмовите поделени по категории.

Во некоја досадна книга за маркетинг прочитавме дека личните содржини се попривлечни. Нас тоа ни одговара – ние сме деца на 21 век кои не ја пропуштаат секоја можност за споделување по некое (неважно) парче од себе со светот.

Затоа, сега филмските препораки стануваат еден искрен и реален одраз на оригиналните вкусови на секој од тимот, надополнети со една или повеќе препораки од нашите читатели.

Доколку сакаш да се приклучиш на нашите препораки:

Напиши еден до два пасуси за филмот, фокусирај се на тоа зашто ти мислиш дека е добар, а не на синопсисот закачен на IMDB, и испрати ни ги заедно со една фотографија од тебе на dona@reborn.mk, со subject на мејлот „film preporaka. А ние, секој петок, на нашиот стандарден формат ќе додадеме една или неколку рандом избрани препораки на читателите. Во ова издание на Кои филмови да ги гледаш викендов, филмската препорака ни доаѓа од Раде Јовановски, Reborn читател.

Се надеваме дека твојот вкус ќе се поклопи со некој од нашите. А затоа што добриот филм е безвременски (добро клише, добро) тука можеш да ги провериш нашите минати препораки.

 

 

Следно, прочитај ги овие статии:
[Галерија] 6 причини зошто Thievery Corporation беше најдобриот концерт во Скопје периодов
[Галерија] Трет роденден на „Trap Da Fuck Up”
#rebornphoto: Инстаграм фотографии на неделата

 

 

Frida на HBO GO со Vip Комбо и Vip ТВ

Frida (2002)

Препорака на Бане
IMDB 7.4

Филмот „Фрида“ го прикажува животот на Фрида Кало со Диего Ривера, во периодот кога младата двојка го освојува светот на уметноста. Мислам дека многумина од вас драги читатели ја знаете нејзината животна приказна, или барем ги знаете нејзините главни животни случки и настани. Но, сепак и да ги знаете и да не ги знаете, вредно е да се посвети внимание и да се одвојат 123 минути за жена од калибарот на Фрида. Филмов ја разработува нејзината сложена и постојана врска со својот ментор и сопруг, нејзината незаконска и контроверзна афера со Лав Троцки, како и нејзините провокативни и романтични односи со жени. Фрида Кало живеела смел и бескомпромисен живот како политички, уметнички и сексуален револуционер.

 

 

Wild Tales (2014)

Препорака на Раде Јовановски
IMDB 8.1

Причината за која што ми се допаѓа филмов е дека се претставени шест различни животни приказни, која од која поинтересна. Одличен режисерски приказ на секојдневието на обичниот човек и како се може да се промени за еден миг.

Во една од приказните глуми и најдобриот аргентински актер – Ricardo Darín, а воедно неговата приказна ми е омилена.

 

 

Blow-Up (1966)

Препорака на Дона
IMDB 7.7

Никогаш, никогаш не им верувам на оцените на IMDB. Како може филм кој бил избран за најдобриот филм на година богата како 1967 од National Society of Film Critics, да има само 7.7?

Blow-up е филм на прекрасниот Michelangelo Antonioni во кој се раскажана приказната на „тренди“ лондонскиот фотограф Thomas, кој ќе посведочи убиство. Неговиот живот исполнет со цинизам и прекрасни, секси модели облечени во уште попрекрасни MOD-стил-фустани. Моја омилена сцена? Онаа во која Thomas оди на концерт на The Yardbirds, бендот на младите Jimmy Page и Jeff Beck.

 

Comments

comments