Фотографии: Елена Фиданска
Модел: Александра Азманова (Alekk Potter)
Александра носи Motivi и патува со Carpisa

 

Оваа недела, покрај вообичаениот #rebornphoto хаштаг го воведуваме хаштагот #reborntrips. Се здруживме со Carpisa и те покануваме да ги споделиш на Instagram фотографиите од твоите патувања (без разлика каде и какви) и да ги обележиш со #reborntrips. За точно една недела од сега, на 04.11 ќе избереме еден добитник на ваучер од 2.000 денари од Carpisa.

За подетални информации за наградната игра оди до крајот на статијата.

Во меѓувреме, дозволи да ти раскажеме за една наша викенд авантура. Види, сме биле повеќе во Битола од два дена. Многу повеќе. Ама тоа не е муабетот овој пат. Муабетот е дека Битола беше местото што ги излечи нашите кризи за добри места за искачање во оваа епизода. После сите поминати кафичи и непотребни дебати за кој-пушта-музика-каде.   

Бевме со Alekk Potter. Се почуствувавме како James Dean тој ден, поспонтано и позабавно од тоа што обично сме. Ја запаливме колата и се одлучивме дека овој пат треба ние да бидеме оние што ќе ги раскажуваат тие харизматични мини-приказни. Пуштивме добро ЦД да врти и фативме правец Битола.

Ок, можеби не беше толку спонтано колку што сакавме да биде, и подготовките изгледаа повеќе како припреми за викенд на прв крак во Грција, отколку непланирана сабота вечер во Балет.

Секако, се спремивме добро, намачкавме крема против подочњаци, зашто дознавме за правилото: Секогаш биди најдобрата верзија на себе, зошто никогаш не знаеш на кој конзул ќе налеташ.

Продолжи да скролаш и провери ги нашите омилени места во Битола, што ги дознавме преку Елена Фиданска и Михајло Неделковски. Ако не си сигурен дека се најдобрите, пиши ни, кажи ни дека постојат подобри, ќе ги провериме следниот пат.

 

CARPISA ранец и куфер // MOTIVI маица

 

Jагода

Можеби е единственото место во градот каде истовремено пијат млеко три месечни бебиња, а од другата страна 93 годишни дедовци тегнат ракија. До пред само неколку години Јагода беше едно обично клубче на битолските пензионери, кои откако знаат за себе се состанувале, дебатирале или едноставно уживале во Широк Сокак, гледајќи ги минувачите низ излогот.

Сега и покрај реновирањето, освежувањето со нова генерација на битолчани, секојдневни журки и случувања, секогаш, ама баш секогаш, има најмалку една маса со неколку битолски добро дотерани дедовци.

 

 

 

 

Мезе бар 102

Мезе бар 102 е едно мало симпатично место, налик кујната што сите посакуваме да ја имаме. Но не онаа кујна со совршеното семејство на мајка, татко, две деца и лабрадор, туку местото каде ќе ги собериш 😉 сите другари и без никакво брзање ќе мезите традиционални битолски и француски мезиња, слушајќи опуштена музика преку ден или луда журка Брас Брадрс, Вера Јанковиќ и секси блуз со гостите од Прилеп – The Crossroads. А да, и за време на најлудата журка, слободно можете да боцкате колбавчиња со сенф.

#МалкуПознатФакт е дека 102 е всушност куќата на познатиот Милтон Манаки.

 

CARPISA ранец // MOTIVI џемпер

 

Бар Чаршија

Пред повеќе од 20 години во Битола завладеа тренд на заживување на чаршијата, а ноќниот живот се пресели низ малите улички. Велат било многу поинаку од сега, имало некоја посебна магија која за момент младите ги оттргнувала од вестите за војната во Југославија.

Но не траеше долго. Сепак Широк Сокак, like a pro, си ги врати битолчани назад. Бар Чаршија е релативно нов кафич, на местото од култната кафана Еснаф, кој освојува уште на прв чекор. Секој нареден е нов предизвик и ново „Ејјј јако… Еј, свтри се, види го ова… јакооо… ајде да седниме на по едно“. Штом седнеш, нарачаш кафе кое го добиваш со локум, некако природно ти доаѓа да си ги споиш колената и со дланките да си ги погалиш нанадвор… Знаеш, онака како што бабите пред чешма си ги местеле футите? Или секако, доколку го поседуваш, автоматски засукуваш брк.

 

 

 

 

Бурек кај Ајчо

Знаете она кога ќе се договориш со некој „на кафе“, но никогаш не останувате на тоа? Е па, истото е и со бурекџилницата „Кај Ајчо“. Одиш на бурек, но порачуваш и една пирошка оти ти замирисала додека ја ределе на полицата. Ги јадете и бурекот и пирошката, почнува да паѓа притисок и продолжувате со тулумба и баклава со ф’стаци.

Понекогаш навистина е енигма како можат покрај нешто толку вкусно како „Кај Ајчо“, битолчанки да останат слаби и згодни.

 

CARPISA куфер // MOTIVI елек и блуза

 

Кај Мара

Да, Расчекор, Позитив и База се синоними за ноќен живот во Битола, но ништо од тоа не се споредува со топлите ноќи поминати во паркот кај саатот, пиејќи вино од кај Мара*.

Битола, иако позната по најдотераните граѓани, верувајте дека низ генерациите секогаш имало и ќе има една мала алтернативна група која со највалканите и искинати старки, старите фармерки и најобичната маичка, ќе се собира, ќе дебатира, смее и споделува животни искуства, седејќи на клупа или на трева во малото паркче кај џамијата или саатот.

*Мара е сопственичка и засега единствена позната продавачка во колонијалната продавничка Свети Промет на плоштадот Магнолија, за која легендата вели дека никогаш не била затворена. Кога велиме НИКОГАШ, значи навистина НИКОГАШ.

 

 

 

 

Камарите

Лошата карма на кафичи со две години рок на траење, за Камарите не важеше. Некако како сите да знаеа дека ова ќе биде следното место на „ОК луѓето“ во градот. Па, и така остана. Многу често низ многу муабети, кога се опишува некоја личност (симпатија, нов дечко или девојка), може да се слушне „Океј е бе… Камарите обично излегва“.

Веднаш до Камарите, на само еден ѕид away, е Бурбон. Сè што треба е да си гладен.

 

MOTIVI џемпер и маица

 

Буре

Да, сите го знаеме познатото топено сирење од Буре, и веруваме дека буквално секој што бил во Битола го пробал… Но има уште едно Буре на плоштадот Магнолија, за кое вреди да се вратиш во Битола по втор пат, било кој период од годината. Во лето поради „најачик“ позицијата: маса на сред плоштад, а во зима – поради сè тоа што можеш да го видиш внатре. Под сè подразбираме и маса од клавир, џубокс, закачалка од шаховска табла и стара чешма што ќе ти течи до маса.

И да не заборавиме, морате да пробате пилешко фаити или лахмаџун со најлутиот и највкусен сос, од тука до Мексико и назад.

 

*Правила за учество во наградната игра*

(1) Сподели една фотографија (не повеќе од една!) на Instagram на која темата е патувања (без разлика каде и какви).

(2) Обележи ја фотографијата со #reborntrips и #carpisa.

За точно една недела од сега, на 04.11.2016 (следниот петок) до 17.00 часот ќе избереме еден добитник на ваучер од 2.000 денари од Carpisa.

 

 

Comments

comments