Фотографии: Александра Костадиновска

Не секогаш од најмистериозната природна опсерваторија изгрева само Сонцето. Некогаш, како оваа незаборавна недела од Кокино изгреа-уметноста. И тоа во најсјајното свое издание.

Со многу музика, поезија, малку филм и прекрасни луѓе, големиот музичко-сценски настан им вдахна посебен живот на камењата кои ја кријат вековната мистерија.

Стотици луѓе љубители на џезот, електронските, ориенталните и амбиентални звуци, како и љубителите на поетскиот збор се слеаја низ подзабравениот предел за да имаат уникатно доживување меѓу карпите и месечината.

Во еден ден, на едно место имаше креативни работилници за оригами, керамика, компостирање, едукативни тури до опсерваторијата, астрономски предавања, се слушаше Фолтин, Ибрахими, Џајковски и се читаше поезија.

 

Кирил Џајковски на „Кокино – Тврдина на сонцето“ (21 август, 2016) // Фото: Александра К.

 

Оние кои не стигнаа на време да купат карти затоа што сè беше за час распродадено, пешачеа со километри по узгорницата која ги упатуваше директно накај сонцето и одличната журка. Прекрасна атмосфера, насмеани луѓе, пиво и хот-дози.

Навистина студиозно подготвуван и организиран настан, со многу голем ентузијазам.

Честитки!

 

Comments

comments