Арт колективот NOUN ја најавува групната изложба на тема „Добра работа“ (“Good Work”).

NOUN е интернационален арт колектив составен од 33 студенти по фотографија на Кралската академија за уметност во Хаг, меѓу кои и Виктор Наумовски од Македонија. Колективот, кој постои неполна година, досега има изложено фотографии на Unseen Photo Festival (Амстердам), VSVU (Братислава), го има авто-курирано настанот A Breath of Fresh Air (Хаг) и ја има само-издадено публикацијата Appendix.

Изминатите пет месеци колективот NOUN активно работел на истражување на прашањата „Што е добра работа?“ и „Дали може да се измери добра работа?“. Нивните резултати се искрена и вибрантна претпоставка на темата и ќе бидат презентирани во форма на групна изложба курирана во соработка со Femke Lutgerink, која ќе биде поставена од 25 до 30 јануари во The Grey Space in the Middle во Хаг, Холандија.

За изложбата колективот изјавува:

„Преку здружување на сили сакаме да креираме моќна платформа која ќе и се обрати на публиката надвор од нашите хоризонти и подалеку од ѕидовите на нашата академија, а преку допирање на важни и итни општествени теми. Интерпретациите на добра работа ќе бидат презентирани во форма на фотографии, видеа, инсталации, скулптури и перформанси. Сите ќе бидат потпрени на фотографските практики, но обликувани од нашата љубопитност и желба за експериментирање и поместување на границите на еден медиум.“

NOUN го поканува набљудувачот да биде активен учесник и сам да процени и измери што е „добра работа“. Евентот ќе има богата програма со говори, интервјуа и тури.

Доколку сакаш да ги поддржиш NOUN тоа можеш да го направиш преку донација на нивната crowdfunding кампања тука.

Подолу е мала галерија од неколку од делата кои ќе бидат претставени на изложбата.

 

Viktor Naumovski

Daniela Rosca

Daphne Oude Geerdink

Diana Gheorghiu

Emma Sarpaniemi

Hein Budding

Josje Van Stekelenburg

Sophie Daalman

 

The art collective NOUN will hold a group exhibition of their collective investigation on the topic “Good Work”.

NOUN is an international art collective of thirty-three photography students at the Royal Academy of Art The Hague amongst which is Viktor Naumovski from Macedonia. The collective which was formed for less than a year ago has exhibited at Unseen Photo Festival (Amsterdam), VSVU (Bratislava), and self-curated the show A Breath of Fresh Air (The Hague). The collective has also self-published a photographic publication, Appendix.

For the last five months the students actively worked to answer these questions: “what is good work?” and “are we able to measure it?”. Their findings are a vibrant and sincere approximation to the theme and will be presented in the form of a group exhibition curated in collaboration with Femke Lutgerink from 25th to 30th of January 2018 at The Grey Space in the Middle, The Hague.

Here is what the group had to say regarding the exhibit:

“By joining forces, we want to create a powerful platform that speaks to an audience beyond our horizons and the walls of the academy by touching upon urgent topics lingering in society. The interpretations of good work will be presented in the form of photographs, videos, installations, sculptures and performances — all rooted in photographic practice, but shaped by our curiosity and willingness to experiment and push the boundaries of the medium.”

NOUN invites the viewer to become an active participator and measure what good work stands for. Throughout the event, there will be an on-site program with artist talks, interviews and tours.

If you are interested in supporting this group of creatives you can do so through their crowdfunding campaign here.

Below is a small preview of some of the works that will be presented at the exhibition.

 

Viktor Naumovski

Daniela Rosca

Daphne Oude Geerdink

Diana Gheorghiu

Emma Sarpaniemi

Hein Budding

Josje Van Stekelenburg

Sophie Daalman

Comments

comments