Во моментов, во недостиг на добри серии (иако неодамна ни почна новата сезона „Girls”), серија продуцирана од Martin Scorsese и Mick Jagger во комбинација звучи многу ветувачки.

Секс, дрога и рокенрол можеби звучи клише, ама да бидеме искрени – пали.

Затоа се припремивме соодветно, и како што налага ситуацијата набавивме по едно Дабче, некоја пица и полни со ентузијазам се нацртавме да гледаме Vinyl.

 

 

Серијата раскажува како музиката во Њујорк во седумдесетите е сè уште збир од секс и дрога, но започнуваат да дуваат нови ветрови. Рокенролот започнува да се движи во нов правец на панк, диско и хип-хоп.

Нас ветровите нè натераа да се нафураме на Vinyl, но како и секогаш, супер ќе ни дојде и малку од вашето мислење. Кој знае, можеби сме само малку носталгични кон времињата кои никогаш не ги живеевме.

Затоа, овој пат тетките прашуваат: Дали секс, дрога и рокенрол е излитена тема или Vinyl ќе стане рокенрол верзијата на Game of Thrones?

 

Comments

comments