Хиперкултуремија или Фиренца Синдром е психосоматско пореметување кое предизвикува брзо чукање на срцето, вртоглавица, несвестица, конфузија, па дури и халуцинации. Се случува кога поединец е изложен на голема количина на убавината или уметност (арт оргазам). Овој текст е дел од серијата наречена #ВизуелнаПредозираност која обработува теми што Reborn ги препознава како Хиперкултуремија.

Многу често секојдневните предмети од минатото се претвораат во скапоцени парчиња за кои колекционерите денес се „тепаат“. Овие рекламни графики од јапонски кутивчиња за кибрит се една неверојатна искра на минијатурна уметност.

Колекцијата на графики (изработени во 1920-тите и 30-тите години), одлично ја доловува атмосферата на Јапонија во еден период на транзиција и внатрешен немир предизвикан од влијанието (истовремено позитивно и негативно) на модерните, индустриски развиени земји од западот.

Овие ситни потсетници од тој период го прифаќаат Bauhaus-от и кубизамот (затоа и потсеќаат на реклами за вино, ресторани и туристички дестинации од истиот период во Европа), но истовремено го задржуваат својот конвенционален јапонски фонт и зборови испишани од десно кон лево.

Иако главната цел на овие микро-графики била да изрекламираат сè – од чорапи до секс, тие сепак играле и улога во доближувањето на Јапонија до западниот свет, со тоа што заедно со цигарите биле важна галантерија за сите Јапонци кои се движеле во типично-западните хотели и барови низ Токио и пошироко.

 

 

 

Comments

comments