Спонзорирано од Vip

 

Не толку одамна и токму на овие простори се снимале сериозно добри филмови. Некои со буџет и продукција како холивудски спектакли, некои со холивудски актери, а некои рамо до рамо со врвните уметнички европски достигнувања.

За вас направивме мала селекција на најдоброто од екс-ју кинематографијата. Ова се филмови кои го имаат поминато тестот на времето. И после неколку децении, сѐ уште имаат приказна која може да допре, актерска игра за восхит и мајсторска фотографија.

Следи изборот на 5 екс-ју филмски класици, секој култен на свој начин. Повелете и влезете во добар екс-ју филм.

 

Исправи се, Делфина на Klasik TV со Vip Combo Neo

Исправи се, Делфина (1977)

Листата ја започнуваме со култен македонски филм. „Исправи се Делфина“ во режија на Александар Ѓурчинов, кој претставувал пресвртница во македонската кинематографија, која дотогаш почесто се бавела со историски мотиви.

Во филмот се раскажува приказна на современик и се третираат поурбани теми. Инспирација за сценариото била нашата маратонска пливачка Атина Бојаџи и нејзиното препливување на каналот Ламанш. Самата Бојаџи се појавува во една од сцените од филмот. Нејзиниот лик пак го глуми Неда Арнериќ. За веродостојноста на актерската игра придонел и фактот дека двете каскадерки на Арнериќ се разболеле, па на крај таа самата ги отпливала сите делови во филмот.

„Исправи се Делфина“ е остварување за восхит, исто како и биографската приказна на која се темели. Доказ за тоа се и бројните добиени награди како и фактот дека бил еден од најбараните македонски филмови во странство.

 

 

Sjećaš li se Dolly Bell? на Klasik TV со Vip Combo Neo

Sjećaš li se Dolly Bell? (1981)

Првиот филм на режисерот Емир Кустурица, работен по сценарио на познатиот босански поет, прозаист и сценарист, Абдула Сидран. Филмот го катапултирал Кустурца меѓу ѕвездите, а на екс-ју кинематографијата и донел значајни признанија, меѓу кои и Златен лав на Венецијанскиот филмски фестивал.

„Sjećaš li se Dolly Bell?“ е лоциран во Сараево, а хронолошки сместен во 60-тите години од минатиот век. Со многу топлина и суптилен хумор раскажува лична приказна за созревање, а истовремено дава и луциден општествен коментар. Главниот лик го глуми легендарниот актер Славко Штимац. Токму од овој филм е и фразата „Svakoga dana u svakom pogledu sve više napredujem“, која до ден денес може да се чуе и кај нас.

 

 

Ko to tamo peva на Klasik TV со Vip Combo Neo

Ko to tamo peva (1980)

Овој култен филм оригинално бил замислен како ТВ драма од 50 минути. За среќа, режисерот Слободан Шијан во последен момент предложил да се промени сценариото и да се прилагоди на долгометражен филм, а сценаристот Душан Ковачевиќ прифатил. Како резултат создале култна комедија која ќе ја насмее и современата публика. Но, и покрај сиот хумор, на филмот не му недостасува тежина. Напротив, нуди доста сериозни поенти за животот на овие простори, релевантни и денес.

Дејството се случува 1941-та, денот во очи на германскиот напад врз Југославија. Група луѓе се возат во автобус до Београд. Но патувањето се оддолжува, а со тоа се испреплетуваат и приказните на патниците низ одличен, на моменти црн, хумор. Интересен факт е дека за филмот не се користеле рефлектори за осветлување, што му го дава специфичниот тоналитет. Дури и за ноќните сцени како главно осветлување се користел логорскиот оган.

 

 

Maratonci trce pocasni krug на Klasik TV со Vip Combo Neo

Maratonci trce pocasni krug (1982)

Уште еден филм во режија на Слободан Шијан, работен по сценарио на Душан Ковачевиќ. Сорабоката на овој тандем повторно резултирала со култна комедија која добила многу домашни и меѓународни награди.

„Маратонци трче почасни круг“ се случува помеѓу двете Светски војни, во 1935 година. Ја раскажува приказната за семејството Топаловиќ, сочинето од пет генерации на мажи од кои најстариот има 120, а најмладиот 25 години и семејно се бават со погребален бизнис. Филмот изобилува со хумор, зад кој се крие општествена критика и (точна) визија за иднината на Југославија.  Во 2008 година филмот е адаптиран во театарски мјузикл. Во 2013 година пак, добива и стрип од кој дел можете да погледнете овде.

 

 

Bitka na Neretvi на Klasik TV со Vip Combo Neo

Bitka na Neretvi (1969)

Листата ја завршуваме со најспектакуларниот, најскапиот и најгледаниот екс-ју филм. Чинел 12 милиони долари, се прикажувал низ повеќе од 80 земји од светот и го гледале околу 350 милиони луѓе. Покрај локалната актерска елита, во него глумеле и светски великани како Јул Бринер и Орсон Велс. Во 1969 година бил номиниран за Оскар во категоријата „најдобар странски филм“.

„Битка на Неретви“ е филмски приказ на германската офанзива против партизаните која се случувала во 1943 година во долината на реката Неретва. Овој филм се наоѓа веднаш по „Спартак“ на Стенли Кјубрик како најголем историски филмски спектакл според потрошени средства и број на статисти (околу 10.000 војници). Музиката за англиската верзија на овој филм е компонирана од Бернард Херман, а во изведба на Лондонската филхармонија. Плакатот за филмот пак го изработил Пабло Пикасо.

 

Comments

comments