Поддржано од Vip

 

После целото внимание кое „Исцелител“ заслужено ни го одзема низ последните неколку месеци, слободно може да изјавиме – дека веќе одамна влеговме во филм со Благој.  

Секој обид да го претставиме и опишеме Благој е непотребен. Можеби не знаеш дека има дипломирано на ФДУ во класата на Владимир Милчин, но како и останатиот дел од светот, веќе добро знаеш дека токму тој е протагонистот во неверојатниот филм на Ѓорче Ставрески.

А покрај главната улога во „Исцелител”, тој зад себе има и неколку помали улоги – во „Балканот не е мртов“, „Сенки“ и „Панкот не е мртов“, а најново, заедно со Тамара, го гледавме во последните реклами на Vip.

Благој не сака театар во кој актерите кукаат, плачат и се несреќни. Не сака театар во кој големи глумци претаат од немоќта да си ја сработат улогата. Не сака театар во кој има остатоци и трошки од спомени. Сите други ги сака.

Запознај го Благој за нијанса поинтимно преку нашиот разговор со него.

 

 

Благој, дали можеш да издвоиш неколку интересни моменти од снимањето на „Исцелител”? Колку време работевте на снимањето на филмот? Што ти беше најголем предизвик во доловувањето на ликот на Веле?

Исцелител се снимаше вкупно 45 дена и за мене е едно од најпријатните искуства досега. Не би можел да издвојам фини моменти, бидејќи целото снимање ми е врежано како едно убаво сеќавање.

 

„Исцелител“ е филм кој успешно отвори дијалог на табу тема. Според тебе, кои други социјални теми и табуа треба следно да бидат прикажани во македонски филм?

Би се задржал на социјалните теми затоа што мислам дека тука има уште многу да се копа, истражува и говори.

 

Во една од рекламите си „Супермен”. Дали си фан на филмовите со супер-херои? Доколку да, имаш ли омилен херој и зошто токму тој?

Секако – и јас бев дете. Супермен е херој кој сè уште ми е драг дури и на оваа возраст.

 

Влези во филм – Суперхерои

#ОнаКога ќе влезеш во филм на твоите суперхерои 🎞🎬

Влези во филм со Vip Комбо!
Гледај ги Cinestar Premiere 1, Cinestar Premere 2, Cinestar TV и Cinestar Action&Thriller на кристално јасна слика, ексклузивно со Vip Комбо 📺 Дознај повеќе: https://www.vip.mk/kombo/combo-4

Posted by Vip on Friday, March 9, 2018

 

Твоја партнерка во видеата е Тамара која играше во Фамилијата Марковски“. Дали ја имаш изгледано серијата и што најмногу ти се допадна во неа?

Ова беше мојата прва соработка со Тамара и заклучокот е дека се работи за одлична актерка. Се надевам дека нема нашата соработка тука да застане. Во „Фамилијата Марковски” Тамара ми беше еден од омилените ликови.

 

Што е следно за Благој на професионален план? Работиш ли на нешто ново во моментов?

Моментално работам на „Галеб” во режија на Н.Николиќ во продукција на МНТ и се радувам за можноста која ја добив да ја играм една од главните улоги во новиот филм на Андреј Кошак, „Секој против секого”.

 

 

Кога би требал да избереш да влезеш во некој филм, за кој лик би се одлучил?

Имам многу што да посакам на таа тема, се надевам ќе имам уште многу прилики за искажување на мојата искрена љубов.

 

Comments

comments