Поддржано од Vip

 

Тамара ја знаеш најмногу како Јана од „Фамилијата Марковски“, но најново од последните реклами на Vip.

Рекламата, која излезе во периодот кога сите бевме (а никој не сакаше јавно да признае) опседнати со Оскарите, ни послужи како добар повод за интервју кое оддамна сакавме да го направиме. А откако веќе влеговме во филм со режисерите Дина Дума, Ѓорче Ставревски и Борјан Зафировски, решивме додека порталот е сè уште отворен, да прeминеме накај една од нашите македонски актерки.

Во недостиг на епизоди од „Фамилијата Марковски“, чија прва сезона заврши со емитување во октомври 2017, ја искористивме приликата да ја распрашаме Тамара за нејзините планови за во иднина и секако, за плановите за објавување на следна сезона од серијата.

Тамара има дипломирано актерска улога на ФДУ, а покрај на серијата, таа има работено и на краткометражен дипломски филм, на претставата „Ужегнатост“ и како епизоден лик во серијата „Инсајдер“.

 

 

Публиката те знае најмногу како Јана од „Фамилијата Марковски“. Првата сезона на серијата заврши пред 5 месеци, во октомври 2017. Што се има случено оттогаш? Работиш ли на некои нови интересни проекти?

Во меѓувреме работев на претставата „Ужегнатост” во режија на Владимир Милчин и продукција на Артопија, имавме премиера на 7 февруари. Сега за сега, за нови проекти немам ништо во најава.

 

Што најмногу ќе паметиш од првата сезона на „Фамилијата Марковски“? Кога ќе почне да се снима втората сезона?

Нешто кое најмногу ќе го паметам од снимањето е можноста да работам со поискусни актери. Не можев ни да претпоставам дека уште од самиот старт ќе бидам одлично прифатена, особено од моите постари колеги од кои научив многу. Во однос на втората сезона многу би сакала да се снима, но дали и кога, сега за сега немам информација.

 

Твојот лик во рекламата на Vip е „влезен во филмот” Maleficent. Кога ти лично би требала да избереш да влезеш во некој филм, за кој лик би се одлучила?

Charlize Theron – Monster.

 

 

Твојот партнер во рекламата е Благој, кој ја играше главната улога во филмот Исцелител. Дали го гледаше филмот и што најмногу ти се допадна во него?

Најмногу ми се допадна тоа што многу лесно, со здрав и интелегентен хумор, филмот отвара прашања за новиот лек на најстрашната болест на 21ви век, и како за нашето здравство и за луѓето од постарите генерации, марихуаната сè уште се доживува како табу и забранета супстанца.

 

Имаш искуство како актерка во театар, филм, серија и реклами. Овие формати се сите многу различни. Кој од нив ти е најголем предизвик и во кој мислиш дека работиш најдобро?

Не би можела да издвојам на кој формат работам подобро или пак ми е поголем предизвик, од причина што секој пат адреналинот се појавува, а процесот е различен. Она што ми е важно е што во секој процес пробувам да откријам нови работи кај себе.

 

 

Кој ти е омилен филм од минатата година?

Three Billboards Outside Ebbing, Missouri.

 

Доколку би можела да соработуваш со било кој режисер од светот, кој би бил тој?

Има еден тон режисери со кои би била многу среќна доколку имам прилика некогаш да соработувам, меѓутоа да не звучам амбициозно, ама не би било лошо кога би имала можност да соработувам со Тарантино. 🙂

 

Comments

comments