Бидејќи веќе нема кој не знае за оваа трилогија (за тие што не си го прочитале домашното, кликни тука и тука), дојдовме до последниот трет дел кој како секој сериозно-квалитетен последен дел од епска трилогија е исполнет со клучни битки, многу жртви (патики што не успеаа да влезат во оваа листа), разоткривање на сите тајни и мистерии. Ќе биде зезнато.
Затоа наш совет е – спреми се добро, избистри глава, седни на компјутер или мобилен (не во буквална смисла на зборот), фокусирај се и почни со читање на последното нешто од оваа секција, нешто што ќе ја заокружи сликата за целиот овој серијал. Патики која е вашата професија? – Трчање кон победааа!!!
New Ballance 1400
New Ballance 1400, креирани во 1994 година, но со години се продавале само во Јапонија. Пред некоја година, J Crew ги зема под своја закрила, ги извади надвор од Јапонија, им „инсталира” нови колоритни комбинации, склучува разно-разни колаборации и прави бум. Ben Affleck и Denzel Washington ги носеле патикиве.
Brooks Vantage
Повторно патика од бренд не-толку-познат за широката маса. Се работи за Brooks Vantage, помал братучед на Brooks Vanguard, пуштен во промет во 70-тите. Класика тркачка патика, без филозофии и пренемагања. Едноставен дизајн, функционалност на ниво и беспрекорен квалитет. Мислам дека е доволно.
Reebok Aztec
Интересно дизајнерско решение, морам да признаам. Ако New Ballance вадат модели со приближно слични дизајни, тогаш Aztec е тоталната спротивност. Првично се појавуваат во 1979 година, со дизајн и комбинација од плава, црвена и портокалова боја. Ужас. Денес ги има во „поприфатливи комбинации на бои”, но сепак останува патика за смелите и храбрите. Kendrick Lamar ги носи.
Norman Walsh Ensign
Моравме да сместиме и еден британец во целиов серијал. Многу лесна патика, создадена за тимот на Bolton Hariers кој имал свои претставници на маратонот во Њујорк, 1981 година, интересни комбинации на бои но има една маана, а тоа е цената. Сепак се работи за британец, мора да се разликува по нешто. The Vamps ги носат патикиве.
Тука битките завршуваат, победници нема, решивме да си пружиме рака за реми. Довидување до следна прилика, што би значело дека…